И кај мене не, па не ми беше јасно. Некоја мајка погоре праша, по ковид дали-кога да вакцинира, затоа.
Незнам каде сте, но моја другарка е педијатар во Германија, со неа зборев дека била задолжителна, е незнам дали им е од скоро.
За големата ќерка ја немаше, нова е воведена во календар. Син ми не ја прими ради продолжена жолтица. Наредна недела ќе ги прима првите вакцини,уште од сега срце ми е лешник.
На 4ти Декември примивме први вакцини. Вторите ни се закажани за 26ти Јануари. Во меѓувреме јас и мм бевме позитивни на ковид - мм потврден на 05.01, јас на 08.01. За него ни рекоа дека не треба да го тестирамее доколку не појави некакви симптоми, и фала Богу нема ништо, добар е а и секако ќе правиме преглед и крвна слика пред 26ти. Дали имате искуство со ваков случај - дали би ги одложиле вторите и ако да, колку може да одлагаме?
Задолжителна е ама ако го пропуштиш рокот нема да ја прими, така да на некој начин не е задолжителна. Кога ја прочитав @Alishan30 како поминале малку ми олесна дека ја пропуштивме втората доза зашто сигурно исти ќе беше и мојот, се измачи со грчеви, па ротата ќе беше капак.
Не се секирај дуника, мојата од ммр не качи температура, само ја болеше ногичката. На ревакцинацијата качи еден пат температура, и после тоа немаше, само беше кенкава. Со лесно и пиши како сте поминале.
Јасно, само знам дека и вие имате проблем со грчеви, па можеш да замислиш како се ежам кога ќе се сетам дури и сега кога е 8 месеци.
Траума ми се, те разбирам многу добросум видела грчеви кај дечиња, ама ова дома што го имав, не ми беше видено
Ден два се тие грчеви ама внук ми ротата ја прележа на 3г грчевите се ништо спрема тоа да не те плашам
Ти благодарам на помислата,Неда. Вчера на боцкање поминавме одлично,таман направи фаца за викне,ја кренав,татко ѝ имаше некоја играчка во рака,па почна да се смее.Ние во грч и очекување на јаки плачки,но се изненадивме.Се надевам нема да има изразени реакции. За следен пат,12 мес,кога ке прими 2,педијатарот рече дека ке памти,и ми даде две лепенки кои делуваат анестетски,го отрпнувле местото,да ѝ ги залепам 40 мин пред да одиме.
Здраво феминки, денес примивме први вакцини ама дека не можев да најдам лепенки земав ациди борици па сакав да ве прашам колку пати ставате облоги и како ги правите, со газа или?
Ставај на гази и менувај кога ќе се исуши. Можеш да го исечеш горниот дел од чорапче како ластик да ја држи газата. Со лесно да поминете.
Имам две дилеми: 1. Ве читам за кога се дава прва доза рота, скоро сите имате наведено до 12та недела. Педијатарот денес ми вика од 8ма до 10та недела. После 10та не. Вика полна 9та недела и носи го. 2. Педијатарот ми спомна само за рота, а тука читам дека има уште две плус вакцини- Превенар и шестовалентна. Дали овие две мора да се примаат со рота или можат да се одложат? Да напоменам во Јане ќе се вакцинираме.
Рота прва доза макс до 12 недела се дава така и по календар е, шестовалентната е задолжителна на 2 месеци а превенар може да се одложи но тоа ќе ти каже педијатарот на вакцини