Мое искуство- ние втората мислам ја примивме кога веќе почна 11тата недела од растојанието меѓу дозите. Јас читајќи во календарон за имунизација мислев нема да му ја стават, но др рече битно било сите 3 дози да се примат до 8 месец(а во календарот пишува до 32 недела). Сега 3 доза не примивме, ја пропуштивме.
Доколку детето не прележало зошто тогаш ова? Незнаеме. Нека се испитаат антитела па најдобро ќе се знае. Плус и да прележало, по одреден период не треба да е контраидикација ковидот за вакцинирање. Плус го прегледуваат, и лабораторија и ако се е во ред, не гледам причина за невакцинирање. Нас ни закажаа за 2 месеци и 1 недела (недели) за 3та ревакцина, а меѓу прва и втора за 8 недели разлика ја вакцинираа.
Во диспанзерот кај што го носам ми рекоа 10 недели максимум по првата доза. Ние ја пропуштивме втората доза.
Фала ви многу на сите. @Alishan30 истото и ја го реков, ама не знаеме дали прележал или не, може бил асимптоматски, сеуште да го има вирусот во него, а за антитела е рано да се испита. Ќе гледаме да ја стигнеме, макар било 5 недели наместо 6 после нашите тестови, пошто ми е страв да не ја прими, а прележи... неколку дечиња на другари во Козле завршија од дехидрсција од таа рота.. Секако прегледан и со добра крвна слика и црп треба да е ок..
Здраво Бебуш е 2 ипол месеци. Време е за рота и шествалентна. Дали може од вакцината за рота брат му и сестра му(4 и 2 години) да го фатат вирусот. Тие не се вакцинирани за рота, а читав дека со изметот се исфрла. Кога го пресоблекувам нон стоп се околу мене и ми е шубе да не префатат тие иако ќе обрнеме поголемо внимание на хигиената
Веќе споменав, големата не е вакцинирана не беше задолжителна, па никој од тие генерации барем кај нас во градинките не фати рота. Сега повеќето се вакцинирани па може тие што ја испуштуле ќе се извадат на колективен имунитет. Јас не би вакцинирала толку брзо после корона во семејството. Гледаш и докторите се скептични бидејќи се уште и тие не се начисто со короната. Има најразлични искуства и најдобро е да се претпазливи.
Внук ми е 5г на 3г цела градинка фатија. Он заврши во болница тогаш триста испитувања направија не ни знаеа што е бидејќи беше здрав. Многу дечиња во државна завршија од кај него. После се кажа дека било рота иакп нема направено антитела. Инаку да сега и некое да не се вакцинира пак ќе се искорени а и што е најважно нема наплив да има во болниците
Некој да ми сподели искуство со реакција на пнеумококна вакцина? Утре ќе ја ставиме па не можам да најдам ништо околу реакции од неа. Фала ви
А на колку недели месеци ќе ја примате, нас не закажаа за на 4м Петовалентна, 2 доза Рота и 1 доза пневмококна
Па може зашто кога моето ја прими првата доза, докторката ме предупреди дека доколку дома имаме некој со паднат имунитет, болен и слично, да бидам многу внимателна со менувањето пелена една недела. Да се става одма во кеса и да се фрли, рацете внимателно да се измијат. А децата се најподложни на вирусот така да, би можело.
Дали некој знае дали детето мора да се вакцинира во амбулантите по општина на живеење или по желба е,кој каде сака?
Мене ми кажаа дека мора според општина сакав во букурешт ме вратија не ми дозволија. А има доста и што ги примаат во други диспанзери без разлика... најдобро да прашаш пред да одиш
Едното дете ми е вакцинирано на едно место и има уште две за примање,другово воопшто не ми е вакцинирано.во меѓувреме имаме промена на адреса,и сега фактички на две различни места ќе вакцинирам.
Најдобро да ги замолиш таму каде што сакаш да ти го примат штом едно дете ти оди зашто да ти орават проблем да менуваш картони... не би требало
Уште нешто сакам да ве прашам.Дали некој има искуство со покасно вакцинирање.Има две а нема примено ниедна вакцина
Не е по општина, можеш каде сакаш. Јас по адреса сум Гази Баба, а го вакцинирам во Железничар Центар.