Ајде кажи ја поентата? Дека добар дијагностичар ке види анемија само по изглед? Дека треба редовно кс ама никако пред вакцина? Тотално не разбирам, појасни ми.
Има ли некој искуство со хематом на местото на боцнатото? Синко е боцнат пред 4 дена, лошо го боцнаа и погодија крвно садче изгледа, па сега на допир се чувствува хематом. Како третиравте? За возрасни знам Хепатромбин помага.
Не не, дури ме прашаа и дали давам нешто џа хрмоглобинот и колку бил претходно без крвна слика немаше да го вакцинираат. А матичната ми рече само не е во ред крвната слика
Епа сите различно прават тоа е проблемот. Некои деца се вакцинираат со низок други не ништо не се знае кај нас
Точно ,абе за едно нешто да се усогласеа да речам еве за ова се согласни двајца (а тек па повеќе). Не само за кс општо за сѐ.
Слушав на телма 0+ емисијава една педијатарка збореше дека над 95 се смета за нормален хемоглобин кај бебиња и ништо да не се давало нас со 97 ни рекоа дека не е за вакцина никако низок бил и терапија веќе 1 месец зима изгледа како ќе ти се погоди педијатарот многу се неунифицирани
Кај син ми беше 94 на второто боцкање и ништо не ни рекоа во идадија го боцнаа Така е баш како ќе се погоди
Штом во низ државиве во ЕУ вакцинираат без кс веројатно нема некој голем ризик, но јас сепак би правела сега за сега
Ти нели го носиш во Ремедика? Чудно ми е со 94 да ти речат да го вакцинираш, мене со 105 ми рекоа да почекам зашто беше на долна граница. А може за помали бебиња границата е пониска.
Во ремедила кс правев во идадија го гледаше педијатарот истиот ден правев Инаку кај паскалов го носам он ни е матичен и он исто кажа ок е пишав поназад за хемоглобинот поточно што кажа
Здраво Синко е 2год и 2м скоро. Сакам да ја прими пнеумокок вакцината, досега нема примено ни една доза. Колку дена после вакцината може да даде реакција 0-3, или од 3-6?
Мајки пред 5 дена малата прими шестовантна втора доза и рота исто втора, еден ден по вакц беше со 37 темп и нерасположена, нерасположението трае уште, со тоа што од вчера утрото несака млеко воопшто ко да ја коли некој, кака тешко еднаш дневно ептен густо, има страшни гасови . Пиеше хип комб ама веднаш сменав во холе да пробам да не е до млекото но исто е, сега терам холе, инаку и до претходно беше стеашен нејадач но ова е хаос, детево и напредувазгора на се а непие . Бевме на дежурен крв сл и црп ок, има качено 120 гр за 4 дена инаку сме 17 и пол недели. Може и скокот е. Некако чудни реакции на рота? Со првата имавме грчеви и пролив 2 дена. Некоја со слично искуство. Ако продолжи вака ке морам дохрана да виведувам
Нема потреба од дохрана ако качило 120 гр за 4 дена, тоа е 30 гр дневно, а се препорачува 20-30 дневно во просек. Напредува, јаде. Следи ги пелените, ќе помине ако е во скок. Инаку 37 температура не е повишена температура.
Мислам дека не е до вакцините. Сево ова ми личи од скокот дека е. Кај ќерка ми е исто а 17та недела е, пред 20дена ги прими вторите вакцини освен еден ден до 38 температура, друго немаше симптом. Овие што ги опишуваш ги има ќерка ми, но до скокот е. Се чудам како напредува кога цица како да е 2 недели бебче, а не 17недели
Ај да си го пишам и моето искуство. До сега син ми не кренал температура од вакцина, ама... Прво ги доцнам намерно сите вакцини по некој месец. Ради ситуацијава не го имав однесено година дена. Требаше да ја прими втора доза шествалентна. Плус и систематски, дека 2 год. Отидовме, се супер поминавме, се вративне дома, дете легна да спие, стана околу 18 и 30 раскенкан. Почна да прави чудни гримаси, и да зборува некој не поврзани работи. Го допирам, жежок. Одеднаш рацете и нозете му станаат црвебо-модри, секој еден капилар, секоја една вена му се познаваше. Почнав да паничам. Зедов живин топломер, едвај измеривме тт. 38 со 7. Сабајлината до 39.9 сигна. Што не пробавме, туширање, сода, сенф, оцет, чепчиња, буквално се. Спиеше и бладаше, тт му сс качуваше на 4 саати. Така беше некои 14 саати. Дури наредниот ден, вечерта дете ми се врати како што беше, фала богу. Значи 30 саати беше со. тт Јас бев ептен упорна, и со храна и со електролити, па среќа не завтшивме на хитна, не дехидрираше. Ама тоа што го доживеав, да не се повтпри на никој. НА НИКОЈ!!! Секој ден му ги гледам рачињата какви му се И како да го носам на следна вакцина, ај кажете ми!?
Хмг околу 100 кај дете доенче е сосем нормално и не се смета за низок. Кај возрасен 110 е ок, не пак бебе. За кр.слика пред вакцина го имам ставот на Кукла. Доволен е преглед само кај педијатар. Ако има нешто сомнително, он упатува. Ама ние буквално го цицаме здравството со кр.слики секој месец оти така ни текнува. Ама тоа е друга тема на муабет.