Не мора да значи дека ќе ја има истата реакција и следниот пат или следната вакцина. Реално температура два дена е многу мал проблем во споредба со болестите од кои штити шестовалентната.
Ништо страшно мајка се борел организмот. Па нели ни кажуваат очекувајте ваква и ваква реакција. Го мразам денот кога бебе и дете ми се за вакцина,но за нивно добро е пред се.
Јас да си прашам. Кои вакцини можат да се доцнат и до кога? Знам само за рота дека дозите се примаат до одредени недели. Како е за другите?
На мојот син му беше 102,рекоа добро е малку е на долна граница ама не смета за вакцинирање, ова во ремедика педијатар
Ова го пишува на распоредот: “Детето се вакцинира со три дози петтовалентна ротавирусна вакцина (RV5). Вакцинацијата започнува најдоцна до 12-неделна возраст. Растојанието меѓу дозите е од 4-10 недели. Третата доза треба да биде дадена најдоцна до навршени 32 недели од животот. ⁶ Вакцинација со пневмококна вакцина се спроведува најдоцна до 5 години. Бројот на дози зависи од возраста на детето во моментот кога е” А другите немаат ограничување кога. Ретки се, но доста опасни болести, јас лично не одложувам доколку нема здравтвена причина.
Дали некој го вакцинирал своето бебе со рота ако хемоглобинот е околу 100? Имам поделени мислења, матичната вика одложи, во ремедика живковиќ рече лесно намален хематокрит не е за да се одложи вакцина... Не знам што да правам а еве ја за некој ден треба да ја прими.. Оф.. Како може различни толку да се докторите
Треба да избереш на кој ќе веруваш. Никаде низ еу и америка не прават кс на бебе пред вакцина. Тоа се милиони деца годишно вакцинирани очигледно без проблем. Затоа не би обраќала толку внимание. За секој случај види што ќе каже педијатар во диспанзер.
Долна граница за возрсен е 110 за бебе е нормално да е толку ако е 90-80 хемоглобинот одложи ама со 100...можеби и такво си е детето и за месец дена пак исто толку да има.Јас до 18 години едвај 110 ми беше хемоглобинот па сите вакцини сум ги примила на време.На мое бебе кс пред некој ден дури му напрвив а веќе два пати бевме на вакцина
Не знам дали има и други овде што ги носат во Ѓорче поликлиниката, во тој диспанзер, ама докторката што е таму еднаш ни побара кс и ни рече не го боцкајте идете со истава. А вакцините се размак по 40 дена до 3 месеци. Ние го боцкаме повеќе ради нас затоа што слабо јаде, па да сме на чисто.
Zdravo Kako ste pominale so vakcinata protiv streptokoka,mislam tie sto ja stavile podocna Nie sme 2,5 god . Kazaa deka e 1 doza Ste imale li reakcija?
Дали на местото каде вршите имунизација го запазуваат рокот помеѓу две дози на Рота? Во календарот стои дека треба да има растојание од 4 до 10 недели, а мене ми закажаа за 2ра доза на 12та недела растојание. Кога се јавив за објаснување ми рекоа дека тие не го зимале во обзир ова, битно било до 8 месеци да се прими. Незнам дали е во ред ова?
Мене никогаш не ми закажале за 12 недели до 8 недели максимум барем колку што ме држи сеќавање еве и следнава ни е закажана за 7 недели последната рота тогаш ќе бидеме скоро 5 месеци. За ротата знам дека не може да се одложи дека треба на време да се прими јас го вакцинирам во Букурешт
Денес прими малиот прва доза рота и шестовалентна. Ме интересира за тие што се на АД, во ваков случај, дали ги будевте навечер ако врзува 4-5 часа сон, за да се хидрира или се остава да си спие? Заборавив да ги прашам денес.
Не сум го будела никогаш навечер. Ептен преку ден ако се заборавеше го будевме. Исто на ад е. Ако нема проблем од тип на температура, проливче, повраќање нема зошто мислам.
Денес правев крвна слика, треба да прими вакцина оваа недела. Леукоцити 11, границата до 10. Докторката вели нормално било за бебе од 4месеци дека може да се прими вакцина. Дали некоја од вас вакцинирала бебе со малку покачени?