Ние до 6 месеци не правевме крвна слика така го вакциниравме, а првпат кога направивме лимфоцитите беа покачени, и исто ни рекоа нормално и си го боцнавме.
Мајки до колку недели се става втора доза рота и дали ако намерно се закасни може да се избегне примање на истата? Друго, дали и тогаш важи контраиндикацијата која е животозагрижувачка? Исплашена сум ради тоа од првата доза што се двоумам за втора доза
Истото прашање го имам и јас. Ние после првата доза ептен се измачивме. Грчеви, повраќање, зелена столица, болки во стомак, баш беше лошо.Сега треба втора доза да прими, немам памет што е подобро да се прими или не.. Некоја мајка со слично искуство?
Како што ми објаснија тоа е реакцијата мора да има некоја рекација телото да создаде некои имунолошки клетки (така нешто беше медицински термини човеков ми кажа). Не може без реакција ако нема реакција значи е неуспешна ја се консултирав имунолог, со педијатар не сум зборела на темава така што ќе ја прими втората иако имаше се што опиша како рекација. Ако момеш консултирај диспанзер/имунолог
Прв пат сега ми закажаа, кога ќе има полни месеци да ја однесам. Рекоа крвна слика ден пред тоа да направам.
Дали знаете што ќе се случува кога ќе почне вакцинација за Ковид во Чаир, Јане и Букурешт? Прочитав дека децата ќе се пренасочувале во Ѓорче и Карпош, тоа се премногу деца, хаос ќе биде
Јас како што читав здравственит елица ќе се вакцинираат во клиничките центри кај што работат, а останатите се планира поликлиника букурешт, но не верувам да ќе ги вакцинираат во делот кај што се бебињата сигурно во некој друг дел од поликлиника ќе се врши вакцинација. Не може педијатар да те проверува пред вакцина за ковид мислам е неизводливо тој дел да го користат сепак ќе видиме
За сезонски грип, на пример, ги вакцинираат на истото место. Минатиот пат кога го вакцинирав, малку задоцнивме и ми велеа ајде побрзо, сега ќе доаѓаат за вакцинирање за сезонски. И да е на истото место, претпоставувам во други термини ќе биде.
Е не сум знаела дека се до толку без памет божем пандемија да си изолиран уште денес 100 луѓе ако пројдат ич да не ги носиме бебињава
Не знам за Ковид како ќе е, но кога бев, децата веќе сите беа поминати до 14 часот и после доаѓаа возрасни.
Дали шестовалентната и ротата се даваат во ист ден или со растојание од една-две недели? Како е најдобро? Ќе прашам и педијатар секако.