Имал ли некој реакција кај бебе после примање рота, ама после 10 дена.. Синко е со страшни грчеви не спие воошто само плаче, педијатар вика не е од вакцината ама си мислам и да е нема шанси да каже... 4 месеци сме со исхрана горе доле иста сум бидејќи сме на доење не знам што би ги испровоцирало бидејќи немаше грчеви од втори месец, сега се уште пострашни и од тогаш... Не знам што да правам му дадов еспумисан, две ноќи немаме спиено плаче и дење и ноќе. Педијатарот вели од исхраната било
Пробиотик даваш ли? И не давај еспумисан може полошо да направи. Моето од ротата имаше грчеви не многу стеашни ама не му даваа мирен сон стално кенкаше се стегаше му се јавија околу 3-4 дена по вакцина и траеа може 10 тина дена, му давав само пробиотик
Давам редовно од раѓање сега ја зголемивме и дозата и еспумисанот секако се давам по препорака од педијатар
Зашто да не каже педијатарот ако е сигурен дека е од рота? Зар мислиш намерно би те лажел? Реално; треба во диспанзер кај што сте го боцкале да се јавиш и прашаш. Инаку после 14 дена кај нас од прва рота имаше реакција кончиња крв во каката ми рекоа дека е од тоа. Грчевите од рота траат 1-3 дена ако е повеќе носи на второ мислење.
И кај нас после 10тина дена си се вратија грчевите(и претходно ги имаше но му се имаа потсмирено) и јас мислев од ротата е ама искрено еве месец ипол помина уште си ги има изгледа така се погоди периодот.
Овие 2 вакцини се за на 2 месеци така? Во Јане треба однапред да се закаже или одиш и чекаш ред? Кога го вакциниравте детето претходно имаше пиено млеко? Случајно да не имате информација од колку до колку саат вакцинираат?
Набрзина да прашам, дали ставаат вакцина во Јане Сандански, од Гевгелија сум првите 2 вакцини ги ставивме таму, ама сега се вративме во ск, па наредна имаме закажано на 02.03 па сакам тука да ја ставиме.
Мајки едно прашање до вас, планирам синко да го носам да прима вакцина мрп.. Па ме интересира дали сите деца креваат. Темп како реакција или не мора да значи? Страв ми е малку од мрп.
Ништо страшно и да крене, а не мора да значи дека ќе крене. Моето на 15ти ден имаше температура, и тоа траеше кратко, ни цел ден.
А треба да се земе лепенки за темп или може со ациди борици да се мачка местото? Тоа му ставав на првите вакцини.
Ве молам за мислење за крвната слика, утре треба да прима втора доза рота и шестовалентна. Хемоглобин и леукоцити се супер, кај тие кратенките (не знам кое што значи и затоа прашувам) има нешто надвор од граници малку, ама мислам дека не е страшно. ЦРП чекаме резултати. Фала ви
Да, прва доза рота до 12та недела се става. Не се закажува, идеш и чекаш ред. На АД е моето, имаше пиено 2,5 часа пред вакцина, кога влеговме внатре ми кажаа 20-30 мин. да не јаде за да не ја поврати ротата. Мислам дека од 08-13h вакцинираат.
Mоето поврати по некој пола час после вакцината, не беше скоро јадена. Ова не ми е текнало. И на прва доза де сеќавам многу повраќаше, дури млазови тогаш