Од втора доза рота и шестовалентна имавте реакции? Ми рекоа и стрептокока наедно да му ја стават во Јане ама се мислам дали можам да им барам да одложиме многу да не му е 3 вакцини од еднаш 4 месеци е, таа нели може и подоцна да се прими?
Ние 3 примивме наеднаш, и првиот и вториот пат. Немаше некои посебни реакции, освен вториот пат кога само првиот ден крена температура до 38°С
Може подоцна да се прими. Нас ни ги закажаа сите три баш дента кога ќе полни 4 месеци и сите три планирам да му ги ставам. Иначе истите грижи и мене ме мачат.
Се боцнавме, плачење, вриштење. Ама добро е сега, реакција за некои 6,7 дена ми рекоа а и не мора да значи.
Јас ја одложив, кажав таму дека сакам да ја одложам и да не му ја ставаат. Првата доза ја прими сега на 8м. Едит: За во Јане зборам
Аха значи не прават проблем, и јас сакав со трета доза рота да примиме и стрептокока значи на 8м таман поголем ќе ми е ама ќе видиме што ќе кажат, незнам дали е препорачливо порано или чиста пракса во диспензерите е
Мајки ве молам за искуство со мрп. Малата ми ја прими пред недела дена, ми кажаа реакција од 7ми до 10ти ден, меѓутоа, она веќе две вечери по ред не спие, многу е кенкава, дури денес и од градинка ми се јавија да ја земем, плачлива била... Отидов покасно на работа, ме осетила дека одам, ја слушав до влез како плаче, и после саат ипол едвај ја смириле... Почнав да се каам што и ја ставив
Мислам дека реакција е од вакцината. Не се грижи, ќе помине. Немам искуство со вакцинава кај дете, но јас возрасна ја примив на 38 години, па две недели бев омалаксана, сè ме болеше, само лежев, бев нерасположена и немав сила. Буквално како болна бев. Ќе и' помине, се бори организмот. Следи и' ја температурата.
Фала ти мила. Ја следам секако, али еве сега сум на работа, па му ксжав нс маж ми да ја однесе во градинка бидејќи дома е само мама мама, мислам таму со дечиња поубаво ќе помиме
Зошто се мислам дека не треба носење во градинка неколку дена после мрп или јас грешка сум?! Или општо мешање со луѓе?!
Најверојатно така препорачуваат бидејќи организмот се бори и да не се закачи некој друг вирус, па да му е уште понапорно.