Да, мислам и нас така не советуваше педијатарот, баш конкретно за мрп, а еве сега ја прими ревакцината дтп и ни рече може во градинка.
Мене уште дента кога ја прими ме прашаа дали ќе носам, им кажав дека планирам, па ми кажаа нема гајле носи ја во градинка...
Да прашам ќе ги примаме првите вакцини во четврток прочитав на темава дека треба да е гладно бебево? А ние сме на адаптирано и баш му доаѓа да е јаден за вакцина Да јаде или не?
Не треба одма, за да не ја поврати рота вакцината советуваат да не се јаде 1саат пред и пола саат по вакцина.
Мене ова во идадија ми го кажаа, кога ја носев ќерка ми, баш првиот пат ме искараа кога кажав дека е цицана пред да дојдеме.
Кога ја прими првата доза рота, им спомнав во Јане Сандански што ако ја поврати, докторката ми одговори- нема, бидејќи се лепи за усната шуплина.
До која недела најдоцна може да се прими втора доза рота? Конкретно, некоја мајка што одложила, а се боцкала во Јане Сандански, да ми каже до кога најдоцна и дозволиле да го ревакцинира бебето? Некаде прочитав до 8 недела, а некаде до 10 по првата доза. Денес вртев во поликлиника, но не успеав да ги добијам. Tnx.
Во ред. Си реков да не пропуштив нешто со вакцини . Се ставивме редоследно . На 1 годинка ни остана МРП . Ама таа здравје ќе почека .