Може да даде пола доза но нема да погреши ако даде и цела, од искуство зборувам затоа што исто кога вадела и заби еднаш или два пати вриштела од болка и тогаш по совет од педијатар сум дала Далерон за болка и никогаш не спуштила температура под нормала, пишува дека се дава и при болка не се плашете
Да, знам што се и за што се употребуваат Сеедно, јас за себе си кажав дека не би дала. Нема лошо во тоа да е внимателна на дозата и да следи ситуација. Треба да се внимава, не е дека нема случаи. За процентот на спуштање колкав е не знам, тука две-три пишаа дека доста им симнале температура. Видов дека пишаа дај, а никој не ја спомна дозата, па само ја советував да е внимателна.
Не му дадов заспа некако и добар беше ноќта не качи само спиеше до мене пошто се будеше често, се надевам нема да се повтори до сега не врескал така со ништо не запираше
Напишав што е правилно од медицински аспект. Секако ти не мораш да даваш. Јас не сум го оставила да се мачи со болки. Тоа е полошо.
Јас еднаш дадов пола доза парацетамол зашто пишуваше против температура и болка, а тој ден терор ми беше од долните кецови. Вриштеше цел ден и не можеше да заспие. После сирупот одма заспа. Мислам чепчињата намалуваат температура нагло.
Како знаеш дека има болка? Какво е плачењето од болка, како се препознава? @Jana06 Не знам дали од сируп нагло им се спуштила или полека, не се сеќавам кога пишаа испаничено во темата за итни совети.
Плаче неутешно. Не може да заспие. Заспива и се буди . Лани ова време поминавме стомачен вирус со болки во меше. Не сакав да дадам Ентерофурил. И го мачев неколку дена. Во раце ми беше од болки во меше, се виткаше. Давав Блокмакс и се освежуваше. Сум давала и за заби, кога станувал во сон со пискање и не спие мирно.
Не ли ви кажуваат кога ги боцкаат дека може да има болка од вакцината и затоа да плачат? Малата денес прима бсж вакцина, ми кажаа дека нема да ја боли, еве ја си спие мирно. Се сеќавам со големата после одредена вакцина е била кенкава, плачлива, нешто што вообичаено не е. И затоа знам дека има болка. Јас сум давала и ќе давам пола парацетамол против болка. И на самото упатство пишува дека е антипиретик и аналгетик во зависно од дозата.
Секако дека кажуваат дека може да има болка, но ете па во Букурешт никогаш не ми рекле дај сируп, само лепенки да ставам, а во Охрид кога го вакцинирав, ми рекоа чекај за сируп ако крене температура. Само педијатарот во Ремедика ми рече дај превентивно. Прашањето за болка ми беше општо како се знае дека е болка, а секако може да се кенкави и плачливи после вакцина и појасно е дека можеби е од вакцина.
Мајки кога се прима вакцина за стрептокока? И во првите вакцини освен ротата примивме и шестовалентна знсетр што содржи?
Да, после вакцина си се кенкави секако и знам дека го боли ама не давам ништо зашто не вришти туку ете плачлив си е. А конкретно болка од заби што пишав погоре ми е жално за гледање. Викање на цел глас, солзи крокодилски, двете раце во уста, се кубе и гребе по цело лице, последно крв од уво си пушти ама и носот му е крвав скоро секој ден. Морав да му дадам за да може да одмори.
Фала ти, баш го имав читано тоа дека имало случај да им спуштат температура па и затоа ми беше страв да дадам ама се смири среќа инаку ако не престанеше ќе му дадев што да се прави
Оли јас го познавам кога плаче од мака пошто исто така ми плачел од грчеви, и од умор и од нервоза кога плаче во 2 саати знае да запре барем здив да земе или ѕе да му правиме а да не престане да плаче не се случило, инаку за кенкање не би дала секако ништо ама ако не прекине со саати или ќе го носам на ургентно или ќе му дадам незнам инаку што би правела
Јас баш пишав за лепенките и тие не се толку наивни му спушти температура 35.4 па 35.5 на крај му ја кренав 35 9 откако затопли не знам дали се води како прениска таа температура ама општо внимавајте со лепенките ете кај нас се случи Ако збориме за гелните антипиреа
Значи било кој лек да го дадете за едно помага ама друго "штета" прави под ова мислам на тоа дека кога се дава парацетамол помага во спуштање на температура али оштетува црн дроб (да не се разбереме погрешно нема одма да го оштети али со тек на долго користење може) од оваа причина се дава ибупрофен,затоа и кога викаат за вакцина да се дава кога ќе качи температура 38.5 па да се даде од таа причина е не ради нешто друго.И антипиреата штом се за намалување температура нормално е дека ќе ја поднамали али под 35 е загрижувачко педијатрите имаат толеранција од 35 до 37.5 оваа температура ја сметаат за нормална. Само не постои лек што само помага да не се лажеме
Денес мојот син прими прва доза рота едната ја испи а другата во нога, прашањето ми е мајки вие кои сте прошле со првата рота какви реакции да очекувам? Еве го цел ден е поспан и мирен чудо ама па да не ми качи температура штом е ваков или нема везе
Јас само првиот ден кога ги прими мерев ако нема вечер мака да ти кенка и плаче остај го да спие види со рака дали ќе е потопол за да му мериш температура. Ние добро пројдовме исто како и вие поспан беше дента а нареден ден се смири веќе од бебе што плачеше по цел ден и цела ноќ се смени и мојот не качи температура само пази на каката
На боцнатото му ставав од лепенките три дена, не ми крена температура. Малку вриштеше и имаше грчеви ама не беше страшно. Со лесна после вакцинална реакција