А колку се покачени? Јас ги каснев вакцините 7 месеци заради покачени лимфоцити (и други вредности не беа добри) и на крај видов, не видов го однесов на вакцина. Супер помина никаква реакција немаше.
@ni.na 7 му се, а до 3.2 треба да се вредностите. На претходната крвна слика, беа во ред, немаше покачување.
Па незнам 3.2 дека треба да се, на авицена вредностите од 3 до 6м пишува до 10.8 дека треба да се ако се тие нормални за бебиња супер ти се. Нас со 8 ни рекоа дека е супер кс и во јане и матичната исто ми кажа
И јас таму правам ама баш ги гледав вредностите во авицена наведено е за бебиња од 3 до 6 м и различни се, синлаб изгледа ги даваат глобално а не конкретно за бебиња
Превенар е задолжителна вакцина? И во колку дози оди вакцинирањето доколку задоцнето се даде првата? Денес бебе ја прими првата, 8м и 4 недели е.
На 5 месеци има трета доза рота да пие и боцка во бутка за што е? и исто со вторава доза рота пиеше и прими исто во бутка, ја прашав ама заборавив ако некој знае да каже
Не е задоцнета, може да се прима до 5 години, а бројот на дози зависи од тоа кога е почната вакцинацијата. Кај твоето до една година ќе прими уште една доза,а потоа има и една ревакцина. Подоцна ако е, после 12 месеци, има само две дози,нема ревакцина. После две години има само една доза.
Денес на вакцини, ротата трета доза ја исплука , сестрата и даваше по малку и ја затвораше устата ова си плука, и во двете нозе си доби боцкање. Ја прими и пнеумокок рече ќе ја боли ама од не се очекува да качува температура. Сте имале реакции од неа?
Вчера ја примивме петовалентната и пнеумокок и сабајле качи 38 со 5, дадов Далерон и почна да се спушта... Не знам од која е реакцијава. А и на двете ноџиња му потекоа местата каде го боцкаа, а ставив ациди борици
Да пробаш и со лепрнките Антипиреа да ставаш на местото.Ние петовалентна примивме ама до сега нема качено од ниедна за пнеумокок не знам да ти кажам дали може да качи нека кажат тие што ја примиле
Мене др.ми рече од Дитепер може да качи, не знам од пнеумокок кои се можни реакции. @Филотеа почесто масажички со памук и ладна вода или ациди борци. Претходната вакцина ми рече со пнеумококот ќе ја боцкаме отпосле не заедно со овие , денес нешто набрзина мој термин имале сега за вакцината не знам што морале и тоа и го ставија.