Ај ако знае некој поточно, нека пише. За сезонски и за корона мислам дека треба термин, зарем вовеле и за децата?
Мамички , Сеуште ли е задолжителна МРП вакцината за да се запише детенце во градинка? Како да потслушнав негде дека не важи веќе тоа... Некој со поскоро искуство
Покачени лимф е нормално кај новородено/бебе (е сега незн баш точно до која возраст бебе тоа педијатар најдобро знае)бидејќи доаѓаат во контакт со надворешна средина и имун систем се активира и реагира на тој начин, покачени лимф незначи болест кај бебе. Покачени гранулоцити укажуваат на некоја состојба кај бебето,секако во предвид треба да се земе и вк број на леукоцити. Мојата досега има примено по две дози од вакц со покачени лимф без никаков проблем. И секако добар педијатар со физикален преглед одлучува дали е бебе здраво или не и дали да се вакцинира, не му треба лаб, ова некако помодарство со крвниве слики стана, порано не беше вака,штознам
Не ми рекла мене докторката дека е болно детето туку ми рече дека моментално организмот се бори со нешто и не треба да го оптеретуваме плус. Првиот пат секако беше стомачен вирус и немаше да прими вакцини во ниеден случај, но после тоа најверојатно заби беа во прашање. Јас не би го однела на вакцини на слепо, сакам да знам каква е крвната слика. Не го гледам како помодарство, може порано не правеле крвни слики ама и други ствари не правеле така да, минатото не ми е репер за правилно. Може многу нема да се согласат, може и не сум во право ама ете сакам да бидам сигурна дека сум постапила правилно.
Да се надоврзам на моабетот, во Јане втор пат одам на вакцина и со крвна слика нели и докторката таму ми кажа дека не барале толку често крвна слика доволно била таа на 2м што сме ја правеле сега следно не морало на 6 месеци да правам. Искрено ми нема поента или треба или не треба за 2 месеци се менува и хемоглобин и вирус се јавува и поминува ми нема поента
Сабајле примивме рота и шестовалентна, следам, мерам тт 36.4-36.6, само е кенкав, не сака да цица и многу спие. Можно ли е да крене тт вечер чим до сега нема?
Ние денеска примивме втора доза рота и мрп, цел ден беше поспан ама без температура, прееска го избања и заспа, почна постепено да качува температура, до 37,5 ништо не му дадов, сега качи 38 се исплашив многу и му ставив чепче. Ако недај боже качува повеќе што да правам, многу се испаничив и се плашам?
Како поминавте ноќеска? Ние со кенкање, без покачена тт, само кенкање. Јас уште не кренал се исплашив. Не мислев дека ќе бидам ваква паничарка
Добар беше цела вечер си спиеше, од чепчето не качи пак температура, еве го сега си се смее си игра. Па не знам дали беше мрп не сум баш сигурна, пак прими 3 вакцини исто како првиот пат, една ја пиеше и две во бутчињата. 4 месеца е.
Си се збунила, претпоставувам дека е стрептокока, МРП после 1 година се прима. Чепче рано си дала, над 38,5 се дава бидејќи нагло ја спушта температурата. До 38,5 само сируп. Сега од чепчето нема да качи, но ако качува, расоблечи го по боди, истуширајте го со 1 степен постудена вода од таа што му е во моментот без главчето.
Синоќа само на боди спиеше и со тенки пижамчиња надоле. Не сакав да го оставам повеќе да качува бидејќи и вака јас испаничив кога видов 38, цела вечер око не можев да склопам, на 15 минути го проверував. Ако денеска качи пак можам пак чепче да му ставам или не?
Сосема те разбирам, секогаш мака е кога се прима вакцина, ептен ми е стресно и мене да не качи и на секое го проверуваме Сигурно си испаничила, но чепче за повисока температура се дава. Земи сируп за пониска температура.
Здраво мајкички Со какви реакции сте се соочиле од вакцините во 4 месец? И од каков топломер сте најзадоволни?
Првата вакцина на 2 месеци е или на 2,5 месеци? Ние за десет дена правиме два месеци па не знам кога да ја носам?
Ние прво уште кога се роди бевме да ја пријавиме и ни кажаа кога да ја носиме на вакцина, првата беше на точно 2 месеци.
Во петокот примивме 3та доза рота и 6товалентна ... 6 ++ сме ,тт не качи само црвено и беше местото од убодот три дена и прееска заблежав дека на мрстото од боцнатото има внатрешно како топче се исплашив.... нормално ли е оти првиот пат кога ја боцнаа немаше така