нам ни се ближат 2 месеца и како што сфатив читајќи ги последните неколку страни од темава, време е за вакцини. првата доза се става на 2м или некој ден плус, втората на 4м+. дали матичниот ги става вакцините, еве да речеме сега кога ќе одиме на редовна контрола или на друго место се оди за тоа специјално? што е тоа диспанзер што го читам тука?
До 12-та недела ми рекоа дека се примаат поради ротата, прашај си поточно таму каде што ќе се вакцинира за да не ја пропуштите. Не боцка матичен. Ако си од Скопје, обично по реони одиме. Во помалите градови во склоп на болницата се.
Јас да прашам, на 3.3 прими прва вакцина, смета бебе се топ, малку подкрена температура ноќта и тоа е тоа. Е сега синоќа некако е вознемирено, цела ноќ плаче, температура мерев го газе 38,2 цело време, ама и носето се затнува на секое. Можно е да е од вакцината, сето ова или? Чудно ми е,оти ова е премиерно бебе, верувајте не ни плаче. Или пак скокот 4ти настапува ? Збунета сум скроз. 14 недела е бебуш
За сите мајки што ги вакцинираат децата во Букурешт, сите сме префрлени во Ѓорче. Нормално утрово пољубив врата дека само ковид ќе вакцинирале.
Еј не знаеш како полудев. Добиле известување вчера во 13h, и сеа ние во пред 8 бевме таму и ќе се шетаме низ градов
Ги прашав и останаа зачудени они ме заебаваат ама и јас маж ми вика "Не си арна, уште не станата од спиење ме срамиш"
Дали во Јане Сандански се закажува за вакцина? И ако знаете да ми кажете од колку до колку работат. А и дали вакцинираат сега, да не е ко Букурешт и Карпош?
Јас треба задутре да го носам, значи директно во Ѓорче поликлиника да идам,така? Картоните таму ги однеле?
Изгледа си го погодила денот многу гужва знае да се направи, јас бев прва ама со мене чекаа може 5-6мајки
Здраво, дали треба да се закаже за во Јане Сандански за вакцини? И ако закажувате на кој број или директно таму? Дали треба крвна слика? Дали воопшто вакцинираат таму новороденчиња сега со вакциниве за Ковид? Едно чудо прашања поставив ама шпанско село ми е ова со вакциниве.