Целосно го испитаа сега кога беше болен, и инф.мононуклеоза, брисеви негативни, АСТ се среди, освен покачени лимфооците кои укажуваа на вирус. Леукоцитите во граница. Ама ќе почекам макар и еден месец, детево ми се истрауматизира од толку вадење на крв и инекции. Завршивме во болница. Нека помине некој период, ќе го вакцинирам подоцна.
А кои вакцини ќе бидат опфатени со поливалентната? Јас сакав да наполни 18 па тогаш да одам . инаку сега само ммр може да ја прими.
Луге, дали знаете кога ќе дојдат петовалентните вакцини, имам една пријателка која има бебе околу 5 месеци и некој ден и има примено само таа на 1 месец што се прима и еве сега се одложува демек да не ја боцка со старите туку да продолжи со новиве но незнае до кога може да одложуа со почетокот на вакцините до која возраст. Па затоа е сега во дилема дали да го носи детето да ги прима по старо или да почека уште малку. Дали некој знае има ли некој рок до која возраст треба да се примат вакцините, зборам за тие првите што се? До сега има примено само 2 едната што се прима во болница по рагањето и ревакцинацијата на 1 месец мислам дека се за хепатит Б или попознато како жолтица.
Доволно е да почека до 6 месеци, тогаш ќе дојде време за последната доза за хепатит Б, па ќе ја дадат шестовалентната што кај нас веќе ја има. После тоа ќе останат две петтовалентни, би требало да стасаат до моментот кога ќе треба да ги прима.
За некој ден ќе полни 18 значи наместо да одам на 18 и 45 дена после тоа, наеднаш ќе завршиме работа. Со 18 полни може нели? Или да одам да прашам.
Ние што ги имаме примено сите вакцини до 6 месеци не не фаќа ништо од овие новите вакцини така?само кога ќе стигниме на ред со ревакцинации тогаш ќе прима од овие новите?
Баш така, со едно боцкање ќе "добијат" се. Со 18 полни се прима ама пред 10-ти септември нема да се стигнати, барем така ми кажаа. Наредната недела или се јави или помини да прашаш. Да.
Мамички на 14.09 треба да ја примаме шестовалентната вакцина,па ме интересира дали вие пред вакцинирање правите крвна слика.Ние сме два месеци...Позз
Нели новите вакцини немаат реакции. Тогаш зошто денес кога го однесов детето на вакцина ми рекоа ако крене температура да му дадам парацетамол? НЕ САКАВ да го вакцинирам, ама попуштив под притисок. И се каам. Само се молам да нема никаква реакција и трајна последица.
Novite vakcini imaat pomalku reakcii od starite, no sekako sovet mora da ti dadat za situacija da se pojavi reakcija. Kaj nas nemase.
Примивме шестовалентна. Требаше мноооогу одамна да ја примиме, ама јас постојано одложував. И ставив антипиреја лепенка на убодот и сега изгледа се ок. Така и да остане.
Може ли да опишеш каков притисок ти правеаа?Што им одгавараше ти кога те прашуаваа за одолговлекувањето за вакцинирањето?
@stilas7 Притисок имав од мм, од никој друг. Да не не казнеле, да не се разболела.... И прифатив само една да ставиме оти сакам да ја пуштам во градинка, па демек ете заштитена е. А овие за вакцинација не ме испрашуваа зошто касниме. Едноставно им реков не бевме доволно здрави затоа не ја носев. И иако касниме 10 месеци ништо не рекоа. Свесни се и тие дека се повеќе родители одбиваат вакцини и се се поинформирани и затоа не навлегуваат во дискусии.
Имате ли информација дали во поликлиника Идадија ги имаат шестовалентните вакцини и дали треба претходно да закажеме за вакцина или не?
Синоќа точно три и пол дена по вакцинација ми крена температура детето. Сама од себе спадна, ама денес цел ден му тече нос. Пошто овие што вакцинираат рекоа да го пратам три дена ова не се смета за реакреакција од вакцина. Така?
Течењето нос е повеќе симптом на настинка (ништо чудно за времево), а и прилично време е поминато, па не верувам дека би имало врска со вакцината.