Kako da pomognam za bolka vo nozinjata,osven sto stavam oblozi,dali da stavam pak cepce 2,5 meeeci sme
Deneska koga se vrativme od vakciniranje vednas stavivme cepce,od tamu ni kazaa Izgleda dodeka imase dejstvo bese ok,mn spiese. Sega mn place,ja bolat nozinjata i pocna da se zatopluva,38 e sega
Не знам дали е од вакцините реакција или скок во развој, ама се измачи бебево 2 дена. Завчера прими рота трета доза и превенар. Претходните вакцини супер пројде, немаше ни температура, сега се витка во спиење, плаче во сон, се грчи, цела ноќ се буди, многу малку сон врзува, и денски едвај една дремка поголема вчера имаше, раздразлив е, плачлив, и носот почна да му тече дали се прехладил или нешто од вакцината, ама од вакцина како дојдовме дома не сме излегле надвор. Крвна слика правевме ден пред вакцина ок беше.
И ние истите ги примивме ама он секако си се грчеше недела и пол и тоа по интезивно навечер беше,а ротата кога ја прими дента ни грчеви ни ништо немаше
Дај му пробиотик заради ротата, ќе му ги смири грчевите. Ако е кенкаво и малаксано (иако нема температура) можеш да дадеш и парацетамол, ќе помогне ако има болка. Вака ми препорача педијатар последен пат иако ние добро поминавме само пробиотик давав.
Фала ти. Поминаа грчевите, ама уште му тече носот и мене настинка ме фати, а од како бевме на вакцина не сме излегле. Капки му ставам и пробувам со аспиратор да вадам мрсулчиња ама се буни јас сум со витамини,парацетамол, ама ќе помине, среќа настинка е, не е нешто страшно.
До кога најкасно треба да се прима првата вакцина ? Мали на 3ти направи еден месец . Ни се јавиа за утре , ама неможам да одам , па за во четврток им реков, ама па не се знае дали ќе имало тогаш др дечиња и ќе ме побарале , ако не следна група да чекаме кога ќе има
До 2,5 месеци,не знам зошто сега ви се јавиле рано ви е. @Bicka77 @rainbow_bb ,ставивте ли прва вакцина? Мислам во Јане дека рековте ќе ја примате,ај пишете ако сте биле што и како е да знам од наредна недела
И ја така очекував април некаде , и на др и се јавиле исто се породиме . Си реков да не е пр што одложив ама добро е . Поима неам за коа вакцина не ни прашав на тел , таму ќе ги изнапрашам се кога ќе одам Во картон му е заведена само хеп. б дека е примана до сеа , а како одеа ич не памтам се ми е заборавено , читам и нови има сега што ставаат , пред 4г ги немаше тие ..
Бсж во некои родилишта ги ставаат уште таму, а некои одпосле најбрзо што има се собираат дечиња и се вакцинираат а тие на 2 м 7 д што се стават се други вакцини само не знам дали ако касниш со таа и другите се поместуваат
баш денес бев на контрола за 2 месеца и на почеток на април ќе ставиме. не сме ние во јане иначе, не знам како оди процедура понатаму. зедов само упат за крвна слика што важи во наредните 30 дена. матичната ќе ја види па следен ден на вакцина ако сѐ е ок. на ден на вакцина повторно ќе ја прегледува друг доктор.
Да и мене така ми рече матичната прво она да ја види па после и во диспанзерот.Извини сум се помешала за тебе мислев и вие во Јане дека сте.Па и ние мислам дека до почеток на април најкасно може да ја примиме . Сам може тогаш,не се сетив на тоа мислев дека сите имаат бсж во болница примено @Poppins јави се прашај може за таа ти ѕвонеле,а таа нели првиот месец се прима,а за другите знам ,и мене ми е се ново , големава е вакцинирани пред шест години,а тогаш беше друг календарот
Се одлучивме да не ја ставаме ротата а за ДТП уште немаме тежина, ќе почекам до следна недела. Инаку мајка ми ми спомна дека чула на телевизија дека во Јане сега само ковид вакцинираат. Блиску ми е ама не сум пошла да проверам поради времево глупаво расипано.
И мене ми е блиску преку улица ама не можам да отидам,а за ковид слушнав дека вакцинираат ама од другата страна не кај децата мислам,ако разбереш пиши.А колку тежина треба за дтпр,не сум знаела за ова?
Педијатарот ми кажа дека во диспанзер претпочитале накај 5 кг да е. Моето бебе имаше 4400 минатиот понеделник и она ни кажа дека можам оваа недела да ја однесам ама изгледа лоша математика направи, затоа ќе почекам до следна. Ако дознаам за Јане ќе ти јавам. едит: за рота не барале крвна слика, за дтп и полио барале, тие две наеднаш ги ставале.