@Bicka77 што е ова дтп, јас за рота само чув. ич не сум истражувала за вакцини што следат, скроз сум во бунило. а и кога читам на владиниве страни не ми е баш јасно. што сѐ треба да се прими на првово вакцинирање околу 2ипол месеци?
дтп е дифтерија, тетанус и голема кашлица колку што знам и ја комбинираат со онаа за детска парализа таа на дваипол месеци е ротата , против стомачен вирус
Да женски Бсж било , сега се јавив , утре ќе го носам Имаше ли реакција оваа вакцина да се опремам утре на идење дома немам сируп ништо за бебуш , само лепенки , ациди б. и бруфен сируп ама он си е за големата. И кој да го зимам , далерон ? Па ова мн брзо ќе дојде следната вакцина , за две три недели боцки пак ко што ве читам
Нема никаква реакција. Можно е за 3-6 месеци да му набабри местото кај што е боцкан ама така и треба да биде. Можеш далерон или ефералган за следни вакцини, сируп и чепчиња.
Колку кила ти е бебето? За оваа вакцина требало да биде над 2500гр, а мојата ја мерија беше 2300,ама рекоа дека според новите препораки можело над 2кг да ја примаат. Се мислеше докторката тогаш, ама сепак ја боцнаа. Немаше никаква реакција. И кај двете ќерки немаше
5кг би требало да е сега некаде на месец дена беше 4 800 ( на 3ти мерен е последно) Се ми е каша попара мене сите различно кажуваат со вакциниве , ќе видиме утре што како ќе кажат и кога следна ..
Чепче не форсирај, далеронче можеш ама ако качи над 38, лепенка обавезно. Ние до сега 3 пати бевме, без тт поминавме, само лепенка ставав на местото на убод. Ако качи тт до 38,расоблечи дете, туширај. За БСЖ немавме реакција, само кога ја прими во болница се формираше белег, еднаш како загноен беше ама само од себе помина.
не бе чепче не ставам , тоа сум ставала само ноќе кога големата држела висока темп , иначе соблакам и туширање ако не бива сируп ама бруфен имам дома почесто , за помали забораив што се зимаше , кој беше подобар 4г минаа , ама како пред 10г да сум родила прв пат со умов заборавен
Zdravo majki, nie sme 2,5 meseci i pred nekoj den ja primivme rota vakcina a vo ponedelnik i sestovalentnata treba da ja primime, dali da ocekuvam reakcii od vtorava ? I ako ina reakcii sto bi mozela da dadam na bebus?
Ништо немаше реакција од всж само после третиот месец црвенко се наорави ама ни гноење ништо само црвена точка. Од овие другиве првите две дози само од рота имаше реакција со грчеви третата супер ја минавме без ништо.
Ај кога сте на тема вакцинава... Вие со постари бебиња, имате ли уште црвена точка од БСЖ-то? Пред некој ден ми текна дека ја немам забележано одамна и проверив, навистина ја нема веќе, што значи ова? Црвената точка ја имавме уште од почеток, сега сме речиси 8 месеци и веќе нема ништо на местото.
Па гледам дека бледее ама ако убаво се загледаш има мало бележе како на нас што се вдлабнатина не знам да објаснам. Баш како лузна што останува
Баш на тоа и мислев, некако не ми стои како да има белег. Ќе одам баш на контрола да го ѕирнат, ама со мајка ми го гледавме, не забележавме ништо, баш ми падна чудно.
Во случај да нема белег побарајте манту тест да се види дали има потреба од повторна вакцина. Да не се малтретира детето џабе. Пс. Минијатурно е моментално кај син ми,, нека видат стручни секако најдобро.
3 доза рота испуштивме ради корона.. Заедно со неа требаше да има и едно боцкање кое и тоа го испуштувме... Сега понед треба да одиме да го боцнат нз толно з која станува збор вакцина... 9 месеци сме... Уште оваа и после следна е ммр така ни рекој.. Дали ежнекој ја има ставано покасно?
Девојки, дали некој решил да не ја става рота? Ептен на два ума сум, идам накај не поише. Ме интересираше дали сум единствена. И оваа другава вакцина, стрептокока, кога се дава и дали има реакции од неа? И дали рота е единствена со активен вирус во изметот? Фала ви многу.
Јас одлучив да не ставам рота. Читавме доста на нет и јас и мм. Антиваксери не сме ама се одлучивме таа конкретно да не ја ставаме.
Пред да решиш дали да ја прими или не, прочитај си како поминуваат децата што фатиле рота, а не биле вакцинирани и прочитај за реакции од вакцината. Во смисла, биди си информирана пред што и да одлучиш. Стрептокока моето прими две дози досега, никаква реакција немаше. Рота ги прими сите и имаше од втората доза малку грчеви 2-3 дена и толку.