Ние не ја ставивме, ја испуштивме првата доза. Ништо страшно ако не ја примите, нова е и не е задолжителна. Да можеше, јас би ја ставила.
Ние втората доза не ја ставивме. Во договор со педијатар и консултација со имунолог. Многу несакани дејства имавме дури месец ипол после ротата. Едвај се врати во нормала бебето со какање и грчеви. Добра вакцина е, штити од страшен вирус ама едноставно моето бебе не ја прифати каки што треба. Не смеевме да ризикуваме со втората доза.
Nie gi stavivme site vakcini i nemavme nekoi golemi reakcii.Osven blago pokacena temperatura i malku zapek 2-3 dena
@Bicka77 бевме денес во Јане, ставивме вакцини,вакцинираат деца да знаеш,одделно се тие за ковид.Од влезот за здрави деца се влегува само и многу е чисто,немаше гужва,јас отидов после паузата во 11.
Требаше следната недела бебе да ја прими втората доза пнеумокок. Моментално сме во Богданци, требаше да се вакцинира во Гевгелија. Цел пункт е позитивен со симптоми и сигурно 21ден ќе бидат во изолација(се слушнав со една од сестрите). Дали може да се прими покасно втората доза пнеумокок? Какви се искуствата?
И рота и шестовалентната а прими ? Кажи ми во едно или двете ножиња боцкаат шестовалентнава тука кај нас Со лесно да а мините
Фала,за сега нема реакција,се надевам така да остане. Да,рота и шестовалента која се боцка во едно може,ротата со пиење.
Мислам, но не сум сигурна, може до година да се прими втора за после година третата која е буст. Сепак не држи ме за збор, ќе пише некоја ако знае или прашај матична.
Нешто матат овие, мајка ми им се јави по службена линија и кажале дека работи пунктот за вакцинација. А јас преска зборев со пријателка на свекорот, медицинска сестра таму што работи. Некоја мајка ако има од Гевгелија да каже точно што се дешава.
Син ми требаше да го носам на вакцина на 9 март. Негде на 4ти ми се јавија да не го носам. Врска немам која вакцина е на 9 месеци. @Chuchanov нека каже, нејзиното и моето бебе се 2-3 дена разлика, на нејзината покана пишувало систематски преглед, а кај мене вакцина. Ми стигна нова покана за почеток на април. И јас слушнав дека имало некоја позитивна од таму, а баш пред некој ден ми кажаа дека докторката педијатар што е во болницата враќала пациенти, одложувала прегледи по 2-3 дена бидејќи била ангажирана и таа во ковид центарот. Не сум сигурна колку се точни овие информации, но тоа е се што знам. Веќе втор пат ни одложуваат, вака и во декември ни одложија. ЕДИТ: Знам дека средношколци едни вратија, на иста дата имаа и тие системстски преглед, а некој ден потоа друга група биле на систематски. И мене ми е сомнително.
Во болницата одиме ние на вакцини и систематски прегледи. Не е ние кога сакаме туку покани праќаат. Ако не се појавиме ни се јавуваат. Може и казна да платиме ако не одиме.
А идете на систематски преглед чисто онака да го прегледаат бебето или тоа е пред самата вакцина? Никогаш ми нема стигнато таква покана, прв пат слушам.