@Jana06 на 6м е првиот систематски пред вакцината. Го мерат, го прегледуваат ,, подетално'' му ги проверија гениталиите и не виде дека има хипоспадија јас и кажав ништо посебно не е. Ни на мене не ми спомнаа дека е систематски ама знам зошто др ми кажаа.
Моето и двете пневмокока ги закасни, му се погодуваше баш за нив настинат, втора доза примивме после годинка, убаво памтам зошто сакаа мрп да му ј стават место пневмокока, ама реков за таа ќе почекаме малце. Така да може и да ја одложиш.
Пред вакцина го прегледува педијатар за да утврдат дали е во ред и дали да прими. На систематски прегледи се оди посебно, го мерат, го прегледуваат итн. Некогаш одиме и на систематски и на вакцина во ист ден, еднаш ми се погоди така.
Јас да прашам дали со трета доза рота ставаат уште некоја вакцина? За втората доза рота ја избрзаа за да ја прими, сега истото и за трета доза за речиси не полн месец. Чисто да знам дали можам да одложам и до кога. Иначе и со консултација со матичната рече во ред било, не е набрзо и нема што да се плашиме
Три дози има рота? Мислев само две дека се. Какво искуство имате со рота вакцината мајки? Имаше страшни контраиндикации или не, и дали на време ја примивте или ја оддложувавте?
Ротата и не можеш баш многу да ја одложуваш, ако го помине периодот за рота нема ни да ја прими. Кај нас помина доброто, до сега само третиот пат кога ја прими и првата доза на пнеумокок беше понервозна 2 дена, тогаш прими 3 вакцини може од тоа, други реакции немаше.
Ние сме 14 ипол месеци ја имаме примено bsg вакцината; но немаме белег; дали е потребна ревакцинација ???
какви се тие покани за вакцини? на адреса во плик или телефонски? нам на контрола втор месец ни кажа матичната да земеме упат за крвна слика и ни го посочи денот кога треба да направиме кс па нареден ден вакцина.
@Jana06 на последната вакцина петовалента на 7 месеци ми дадоа покана за систематски преглед на 9 месеци еве два пати кога ми одложуваат
Кај вакцините нека го ѕирне доктор, ќе кажат таму. Ни мојот нема белег, но докторот таму го опипа местото и рече дека иако нема белег, не треба да се вакцинира повторно.
Три дози се рота. Мојата добро ги помина, со 37.8/9 тт макс малку малаксаност и поспана беше многу, ама дека прво дете и прв пат ми крена тт баш се испаничив.
Даваше нешто за таа температура? Како што знам не се дава ништо до 38, ама да знам, зошто и јас сум паничар и со прво дете.
Не дадов ништо освен лепенка на чело, само ја расоблеков и уште во диспанзер кога ја буцнаа ставив Антипиреа лепенки на буцнатото место. Матичната ми рече чим кренала тт е добро тоа значело дека имунитетот се борел со вирусот само нели да не е над 38, и друго што ми кажа сенф во чорапчиња помагал за намалување тт.. Јас зедов сируп Парацетамол за секој случај ама не дадов
Здраво мајки. Најпрво се извинувам ако е некаде поставено прашањево, се ми е ново и џабе читам наназад кога не разбирам. Бебчето ми е 2 месеци и педијатарот рече да го носиме на вакцини следната недела (до сега ги има примено само тие во болница). Спомна и да примиме 2 одеднаш, ротата и шестовалентната најверојатно...помешав дали ми рече тровалентна(ако постои воопшто) или шестовалентна.. Дали има некој искуство со одеднаш 2 вакцини? И кои се тие 2 што се примаат на 2 месеци? Прво детенце ми е и не знам Во Јане Сандански ќе се вакцинираме..
Три дози се ротата и временски ограничени, нема баш тука простор за одложувања. Обично од ротата може да се јават грчеви, пролив, честа столица, треска, повраќање и сл. Кај моја беба реакција јави на третата доза,првите две ги поминавме "безболно" Секое бебе си е за себе,со лесно да ги минете @Bestrong❤ не е ништо чудно ако ги прими двете одеднаш, рота и шествалентна ти рекле сигурно, рота се прима орално, само една боцка ќе имате
ваљда мислел рота и шестовалентна. Еве @azelea ги стави така во четвртокот исто во Јане, па може да сподели со тебе шо како..
Ќерка ми е 2,5 месеци и во четвртокот прими прва доза рота и прва доза шестовалента во Јане,за сега нема никаква реакција.Носи си крвна слика.