Точно не се става ако е алергично на белка само мислам дека еднаш годишно се прави алерго тест (за во случај да не се изгуби реакцијата) и тие што имаст конвулзии(грчеви) не ја примаат таа вакцина, брат ми ја нема примено ради конвулзии али затоа исфрлањето му било страшно и среќа што било повеќе надвор одколку внатрешно
Сакаш да кажеш дека тие со грчеви никогаш не ја примаат, на ниту една возраст и имаат алергија на белка?
Мислам дека за фебрилни конвулзии мисли. Исто тие со алергија на белка не примаат во зависнотст од степенот тоа одлучува имунолог.
Да, за фебрилни конвулзии се мисли, не дај боже на никого. Едно нешто не ми е јасно. Кај нас белка не се препорачува пред 12 месеци, а мрп е на 12 месеци. Од тоа што имам читано низ темата, многу деца се вакцинирани без да пробаат белка или направен алерго тест. Води ли некој сметка во државата за ова? Имате ли искуство со доктор што ве прашал нешто во врска со белка пред да ја стават вакцината?
Мене докторката на последната вакцина пред мрп само ми кажа за жолчка дека сме можеле да воведеме сега од 7 м. За белка ништо не спомна, ама јас знам и ќе му дадам да пробс пред годината секкао само има мајки што не знаат. Мора маллку да се поведе сметка од страна на професионалците.
Знам, знам за какви конвулзии мисли, сум ги имала и јас како бебе. Сепак МРП сум ја примила, а нула антитела имав на 38 години, па се ревакцинирав кога беше епидемијата.
Зошто испита антитела ако сакаш да ми кажеш, чисто од љубопитност прашувам? Од претпазливост или? И ти дадоа ли некое објаснување зошто немаш антитела?
Ние живееме во Аеродром,а по лична карта сме на друга адреса уште не ни е сменета,па јас ја вакцинирав во Јане.Не ми направија проблем,само при отворање на картонот ми побараа точна адреса на живеење и си ја кажав оваа каде што сме.
Испитав бидејќи кај мм на работа се заболија од морбили и доста тешко поминаа, па решивме двајцата да видиме дали имаме антитела. Така кај него се покажа дека има, но под 1, а кај мене 0 Па решивме двајцата да се вакцинираме, три месеци пред да правам трансфер примив вакцина. И имавме двајцата реакција, само мм беше некој ден омалаксан, а јас едно три недели како скапана бев и со температура над 37, максимум 37,8 од прилика, со отечени жлезди и како да ме згазил воз А антитела као сум немала бидејќи или организмот така изреагирал и не создал антитела или со тек на време ги снемало и ова ќе било како буст. Отпосле не проверив антитела, но во бременост кога правев ТОРЧ, се покажа дека на рубеола имам ептен антитела, па ваљда е океј.
Веќе ти одговориле инаку на ризик е да се става при фебрилни конвулзии бидејќи кога телото качува темература дури и со 37 тие можат да настапат, а МРП вакцината е пропратена со темература. А за белката точно се додека си алергичен не можеш да ја примиш вакцината, зошто во самата вакцина има белка од јајде па не дај боже може до гушење да дојде.Знам дека на колешка малата еве веќе 12 години има и ја нема примено од оваа причина.
Здраво мајки, ја примивме 2 вакцина што е на 2 месеци (трите вакцини што се една за рота што се пие), тој ден немавме ракција, но веке 2 ден има одвреме на време блага тем. до 37 со 5, не давам ништо, само лепенки ставам на челце, кога ми е топличко, и облози на нозе, ме интересира колку дена може да има реакција?
Пожелно е да се стави рота, пораано не вакцинираа за рота, и моето внуче од рота вирус дури до болница стаса, мн исцрпувачки вирус детето дехидрира и тоа многу.. ептен се измачи
До 37.5 ј рачунаат како нормална температура за бебе.Можеби е реакција зошто три сте примиле одеднаш али прати бебе да не качи повеќе .Расоблечи го и по можност ако можеш да го истушираш без да му ја топиш главата.
Мислам на чело да не му ставаш лепенки, не треба да му ја ладиш главата со ништо. Лепенки ако ставаш, ставај на местото на убодот.
Мајки јас прашав еднаш ама не добив одговор, ќе се обидам повторно Дали ставаат уште некоја вакцина со трета доза Рота? Исто како и за втората доза, и за оваа не' брзаат (според мене) на неполн месец.. Да знам дали има простор за одлагање, барем месец и пол да има поминато..
Трета доза на рота се става најдоцна до 32 недела. Другите може и покасно да ги прими. Најчесто со трета доза рота ставаат и шестовалентна, но ќе се договориш во диспанзерот.
Иии зошто таков редослед таму? Тука во Гр мрп е од 12-15 месеци прва доза, а втора на 3 години. Mrp vax pro е вакцината тука