3 одеднаш? Многу се бре луѓе, тука секој месец по една, нема потреба да се брза, дури и рота посебно па другиот месец другата вакцина, замислете 8 вируси одеднаш му се вбризгуваат на тоа мало душиче
А друго нешто сакав да прашам, дали во Мк се плаќаат вакцините? Мислев на тоа кога одите за вакцина, вие си ја купувате од аптека и ја носите да ве боцнат или таму ви ставаат кај што ве боцкаат?
Само во диспанзерите во државно ги има, на приватните не им е дозволено да вакцинираат освен тие кога се раѓаат
Чудно. Тука во Гр ти пишува рецепта докторот или приватен или државен и ти одиш си ја купуваш од аптека, бесплатна е,не плаќаш ништо, ама каде сакаш таму одиш за вакцини, јас на пример на приватен педијатар идам и таму детето ми го следи од раѓање и го вакцинира. Нема посебно место за вакцини
Е тука кај нас строго државно ама бесплатни се.Добро е кај вас барем знаеш што купуваш тука кај нас земаат и стават, особено за БСЖ ако треба да се пребоцкуваат собираат повеќе деца па боцкаат
Ние ротата ја пропуштивме, па две прими. Инаку да, така се боцкаат ама имаш избор ако сакаш да одложиш. Вакцините се бесплатни ама ти ја ставаат во диспанзерот затоа сакам мрп да ја прими во Грција.
А во Гр како ќе ја прими? Ќе ја ставиш тука на педијатар или ќе ја купиш и ќе ја носиш во Мк да му ја стават?
Таму ќе го однесам на приватен педијатар, ќе ја земеме од аптека и ќе му ја стави. Ќе запише во вакциналниот картон за да имам доказ дека е примена.
Тука гледам различни вакцини примаат децата и помалку, кај нас е вака. Прва вакцина ни е на 2 месеци Шестовалентна Инфанрикс Хекса и рота, на раѓање нема вакцини. 3 месеци Превенар 4 месеци Инф. Хекса и втора доза рота 5 месеци Превенар 6 месеци Инф.Хекса 12 месеци минингидококу 13 месеци сипаници,варичела 14-15 месеци Ммр 16-17 месеци Превенар 17-18 месеци Инфанрикс хекса 18 месеци тест за mantoux 2 години Хепатитис А 2-3 години Ммр втора доза 3-4 години варичела втора доза 4 години втора доза Хепатутис А 4-5 години тест за mantoux Измеѓу кој сака ја става и вакцината за менингит Б која се плаќа 100 евра е една доза, во зависност од возраста се става од 2-4 дози, но бидејќи не е задолжителна ја става кој сака. Ете тоа се вакцините кај нас во Гр.
Можеш да видиш која вакцина му ја ставаат, рок на траење и слично. Може и тука ќе ти покажат ако прашаш, не знам. Имаше еден период некои гласини околу квалитетот на вакцините во Мк, наводно сега се во ред, но кога имам опција да го однесам во странство се мислам да ја искористам. Сеуште размислувам, рано е.
Има ли реакција вакцината за пневмокока? Последна ни е и прилично закаснета, ќерче е 2 години и 5 м.. Треба на 12ти да одиме, а јас баш тие денови треба да се породам, па незнам дали да ја носи сам мм или да почекаме..
Истите вакцини се. Нема никаква разлика. Ако си побараш ќе ти ја покажат. Секако дека имаат рок. Фирмите производители кои ги има во Гр , ги има и кај нас.