дали ги вакциниравте со рота вакцина или не ,не сум упатена многу кога се боцка ,неколку личности ми кажаа лоши искуства па страв ме фаќа иначе бебето ми е 2 ипол месеци не сме примиле до сега ниту една знам прва е шестовалентната ,ако може некоја мајка нека ми објасни фала ви однапред
Рота не се боцка туку се пие, мојот имаше ненормални грчеви ништо не го спасуваше али од ротата никакви нус ефекти немаше и супер пројдовме
До сега две дози рота прими, немаше реакција. Ако се решиш да ставиш прва доза се прима до 12-та недела.
Сакам да прашам за рота вакцината.Ми даде докторот листови како инфо матријал за трите вакцини што ќе ги прима малата за една недела.За рота вакцината пишува треба да е еден час пред давање на вакцината јадена и да не и се дава еден час по вакцина храна .Не знам како ова ќе го изведам , таа на секој саат до саат и пол јаде.Кога ќе се расплака таму нема шанса да не и дадам за да ја смирам.Не фаќа цуцла.Што правевте вие кога ја примавте рота? Дали ги доевте бебињата?За големата не го знаев ова дека не се дое па сигурно сум ја доела.
Мислам дека ова е напишано за да се спречи бебето да бљуцне и да ја поврати и вакцината. Така нема да се знае дали ја примило или не. По 1 час веројатно ке се апсорбира и нема да има проблем.
Те прашав зашто да беше само ротата ќе помине без плачки и нема да бара цице до дома. Вака не знам, проблем е стварно и јас истото се мислев. Кога го боцнаа почна да плаче кратко, го гушнав и заспа, па до дома не бараше да цица. Гледај да заспие, друг спас не знам И моево има вакцина за 3 дена, од вчера само таму ми е паметот.
Нормално тоа е логиката, ама како да ја утешам. Не ги делат овде се заедно ставаат,ама прво ја даваат ротат да ја испие после ги боцкаат со една вакцина на едно бутче,па друга вакцина на друго бутче.Малава како што ми страда од јаки грчеви не знам што ќе правиме после вакцините. Ќе давам капки и чепчиња изгледа.Мене уште сега ми е во мисла како ќе биде , а за една недела има чак.Со лесно да минат само . А овие лентите антипиреа како изгледаат и за што се користат? Да видам да порачам од амазон ако има.
Еве. Се лепат на боцнатото место за да го лади ама истата работа ќе ја завршиш со ладни облоги. И моево имаше голем проблем со грчеви ама не осетив некоја разлика после ротата за да кажам дека полошо му беше.
Јас не ставав антопиреа, само ациди борици кои редовно ги менував. Дадов и парацетамол превентивно, така бев помирна.
Не мора да е. Еден час. Може и пола саат ам ада не се прејаде. Јас на мојот сум му давала и 30 мин пред вакцина да јаде или 30 по битно е да не поврати.
Кај мене во диспанзерот ми рекоа 30 мин. после рота да не се дава да јаде за да не ја поврати. Бар толку да издржи да не ја доиш. Со лесна после вакцинална реакција.
Како им мерите температура на секој час? Имам само живин топломер дома, се мислам дали да земам дигитален, и колку врши работа?! Далерон сируп, колку мл се дава? И какви се тие чепчиња?