Јас не мерев на секој час, само три пати дека со живин.Земи си бесконтактен врши работа доста, па ако покаже висока температура ќе измериш со живин. Парацетамол се дозира според килограмите мислам дека пишува и во упатството на самата кутија.Чепчиња се супозитории се ставаат во газе за намалување на температура(али ова е ако не ти симнува температура од сируп), не го облакај многу бебето. И ако има температура истуширај го без да квасиш главче.
Правиме, како не. Брзав да и' одговорам, а сè си мислам дека веќе @thelittle17 ја помина рекламата од мене штом се сеќава дека имам таков
Да, да, уште пред да се породам ми направи реклама, само не го земав тогаш, а требаше, се зафркнав хаха. Да не е на некој попуст сеа?
Може е блага, ама ќе прима плус две и тогаш ќе плака сигурно за утеха мислев цице да и дадам,ама не смеам. @thelittle17 не мора секој час тт да се мери,може неколку пати во денот и неколку пати во ноќта.Безконтактен е наједниставен, а за во газе купи од дигиталните со меко врвче , мери за 10 сек.Во ДМ сигурно го има.Каде живин колку време ќе чекаш, на бебињата не им се чека многу.За бебиња се препорачува чепчиња да им се ставаат, парацетамол, над 38,5 или ако имаат болки и се кенкави.Бебето може сирупот да ти го плукне или поврати , па ќе мораш да чекаш 4ч мин за нова доза.Чепчињата не го оптеретуваат мешенцето на бебето.Знам големата имаше проблеми со ибупрофен сируп, многу ја болеше кога ќе и дадев, а беше над 1 год.Пред 6м никако сируп.
Моето прими само шестовалентна и заплака, не да не, ама не беше страшно, одма се смири и си заспа. Со 2 боцки може малку повеќе ќе плаче ама само сакам да те окуражам дека не е многу страшно, барем не беше воопшто во мојот случај.
Срце ми се стега среда сме на вакцина втора доза рота, шестовалентна и прва доза преневар Да очекувам реакции?
И мене ми е така пред секоја вакцина. Ние денес требаше превенар 3 доза да примиме, ама ќе ја одложам некое време.И да се едитирам-нас ни ги поделија, еден ден прими рота плус шестовалентна, а по две недели превенарот. Др ми кажа дека имам таква опција, ако сакам нормално, па така направив.
За два дена сме на вакцина МРП ,таа на годинка што се прима. Дали може некој да ми каже каде се боцка и што реакции може да очекувам? Другарка ми веле дека била една од поопасните, цел месец може да работи и да качи температура. Многу ми е страв На работа одам нема да сум дома со неа.
Дали некој знае каде сега се вадат потврди за деца за вакцинален статус? Сега поликлиника Букурешт, тој дел е за Ковид вакцини.