Што се случува ако не се прими ротата до 12 недела? Нема да се прима таа вакцина никогаш повеќе? И дали има друга вакцина со вакви ограничувања? Поради сплет на околности немаме примено ниедна вакцина досега а веќе сме 12 недела и дури после Велигден ќе почниме со имунизација
Нема да прими ниедна доза рота. Мислам дека превенарот има некои ограничувања ама во смисла ако ја прими покасно првата доза, ќе има само ревакцина без втора доза. Не сум 100% сигурна.
Не даваат после термин за рота но не се секирај сега повеќето се вакцинирани од рота па мн се мали шансите да фати рота
На втора страна се дообјаснувањата: http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2019/11/Kalendar-za-imunizatsija-2019.pdf
Хелоу, со две примени дози рота има некаква заштита? Не вратија за трета пошто имаше уринарна инфекција со температура пред 2 недели да не било корона а една баба беше 10 пати прашав не ми објасни
И јас нема да ја ставам се напнав на докторката кога отидовме реков несакам преневар сеа ќе ја одложуме за некое врмее несакам да се мачи детево она така ми се сврте и ми вика ти мајка не одлучуваш што ќе прими јас одлучувам е тука зоврев викам среќа што сум на втора доза рота и шестовалентна, па му ја стави и преневар, јас сум мајка јас одлучувам и она кути. Трета доза ќе скокнам треба во топло да оди за два месеца од сеа па нема да го носам ќе одложам колку можам за преневар
И јас барав да не ги прими наеднаш три кога му дадоа прва доза превенар, докторката ми рече само маката сум му ја одложувала немало потреба од одложување па си преќутев може во право се иако не сакав три наеднаш да прими
Вие зошто не сте почнати? Ние заглавивме на детска клиника по раѓање, па таму прими ковалентна плазма, после плазмата чекаат 3 месеци, па закачивме корона, па после тоа ајде да чекате два месеци и не сме уште ни почнати...ни оние што се примаат одма после раѓање не ги имаме примено
Ниту сум прашала, ниту поделиле. Првите 2 вакцинирања прими по 3 вакцини, последниве на 6м прими 2. Следната ни е на годинка, здравје
Малата е 5++ месеци и не е ништо вакцинирана. Се роди со послаб апгар и не сакаа да ја вакцинираат на 2,5 месеци. После фативме ковид и требаше 2 месеци да почекаме за вакцини. Нека наполни 6 и ќе ја вакцинираме. Ротата ја испуштивме, зошто само таа е ограничена до кога може да се примат дозите, но другите ќе си ги прими без проблем.
И ние сме родени со мал апгар 6/6 ама одма после раѓање бевме префрлени на детска клиника поради инфекција на бели дробови, таму прими плазма и после плазмата се чека 3 месеци, одма после излегување од болница ние фативме ковид него не го тестиравме ама ни рекоа да почекаме 2 месеци и сега сме 3+ и дури после Велигден ни поминуваат тие 3 месеци од плазмата...па во диспензер чекаат зелено светло од нео нато,тие пак ми велат нема потреба од чекање слободно почнете со примање