Здраво мајки Во четврток сме на вакцина рота и шестовалентна какви реакции може да очекувам? Какви лепенки да користам и кој сируп да го купам во случај да ми крене температура? И од кој топломер сте задоволни и ако може цена да ми кажете? Фала
Без реакции минавме на сите вакцини до 6 месеци. Купи си антипиреа лепенки да ставаш да боцнатото место. Се менуваат на 4 часа, јас ставав лепенка па после 4 часа ациди борици па лепенка пак. Јас користам обичен топломер. Сируп имам дома далерон за секој случај
Утре и двете моми треба на вакцина да ги носам, страв ме фаќа како ќе биде На малата двете за на 2 месеци, а на големата таа што е за 18м ќе и ја ставаат. Како сте минале со овие вакцини? Денес ќе одам да се опремам со лепенки и сирупи, душа немам од вакцини... И кои две ги ставаат на 2м,дека така ми спомнаа, две одеднаш ..
МРП се уште немаат ни ја закажано, а наскоро малото полни годинка. Не ја одложувам бидејќи од септември планирам да оди во градинка. На годинка ја закажуваат или подоцна? По календар ако добро паметам на 13 месеци беше?
ии експресно брзо ми одговори. Благодарам. Ја примивте ли? Реакциите не ги знам, освен температура има ли нешто друго?
И на моето е на 1г и 10 дена закажана. Планирам да го носам редовно зошто и мојот во градинка ќе е. Реакции обично се јавуваат по 10 тина дена може да качи температура и да има осип.
Ау. Бсж и беше неуспешна, денес пак ја боцкаа. Во рамо. Се изнаплака, ми доаѓаше да фатам и јас да плачам со неа таму Дома си поплакавме двете.. Сакав да прашам, дали може сега и оваа да и е неуспешна? И ако да, дали ќе ја боцкаат пак? И нешто не се разбравме таму ,дека бебе многу вриштеше.. Ми закажаа следна на 23.06. Тогаш ќе биде 11 месеци бебла. Јас прашав за што е следното боцкање. Имаше една млада,најверојатно на пракса,па неразбирливо ми рече Ревакцинација за стрептокока,пневмокока.. не знам.. Може да ми објасни некој ако знае? Пошто јас мислев после ова боцкање следна е ммр. Ама сакав да ја одложувам..