Дали е можно во Скопје, некаде да се прима 3та доза превенар а некаде не? Прва доза примена на 6, втора на 8 месеци и кажаа не требало ревакцина, толку со превенар сме завршиле. Како што знам треба да прими ревакцина до 2 години најкасно, али според докторката не треба, чудно малку нели?
Сега во пандемијата има исклучоци, не им вршеле толку притисок од министерството ама кога ќе заврши пандемијата ќе мора.
Одлучи да го запишеш без вакцината? Ептен се плашам од морбили, не би го носела во градинка без да е вакциниран.
Здраво Да не има некој број од амбулантата во бутел 1 за вакцинација за деца. Неможам да најдам нигде. Фала
Немам простор да мислам на тоа, мора да тргне во градинка пред да се мрднам од памет Цело домаќинство ми е на грб, прошетки надвор и се околу детето. Да беше помирен може и ќе постигнев, а вака одам накај хистерична мајка со мрсна коса И на работа едвај чекам да се вратам. Преубави ми беа овие две години дома, максимално го искористив времето со мажињата мои ама време е малку да се посветам на себе. Се надевам дека се ќе биде во ред, друго не ми преостанува.
Сакам да прашам дали насекаде низ градовите ја нема вакцината што се прима после 2риот месец незнам што точно е, знам само дека е шестовалентна. Денеска отидовме за вакцина не вратија, кажаа дека ги потрошиле вакцините и не се знае кога пак ќе има, а требало да се прими вакцината најкасно до 3ти месец.....да сме проверувале може ќе добиеле,може не.......лудило.
Да се надоварзам на предходниот пост од мене, може ли да се прими само вакцина за рота вирус одделно, штом е ограничена со време, а останатите потоа? И како ќе се примаат останатите вакцини една по една ли ги делат или како, сега во нашиот случај ако не добијат шестовалентна вакцина додека наполни бебе 3 месеци?
Мајки прими синко трета рота, петовалентна втора и преневар. 6 месеци е и почна да ми качува температура. На газе термометарот покажува 38.2. Дали да реагирам со сируп или да пробаме прво домашни илјачи и што конкретно?
Може одделно да се дава ама за шествалентната проверете и во друг диспанзер. Јавете се во најблискиот.
38.2 ректална, одземи 3, значи 37.9 има. Тоа не е тт за терапија,ни за домашни илјачи. Бебе раскомотено, и истуширај го со млака вода, само телото.
Да не мериш на секое мене педијатарка ми рече по раце да се ориентирам ако се ладни значи веќе има над 38 за навечер тоа ми го кажа за да си знам кај нас досега точно се покажало тоа, со лесно
Треба да примиме прва вакцина од 21 мај, најдоцна до 5 јуни, кога е најпаметно да се прими, одма или да се почека? Како правевте вие, посебно за оваа првава вакцина?
Да и мене ми препорачуваше ноќно време и на 38 пошто најчесто качуваат штом заспијат ама јас чекав 38.5 да бидне за давам страв ми беше пошто многу спушташе