Ако сакаш и рота мора тогаш. Направи крвна слика и ако е ае во ред боцкај истата ден. Јас така правам. Што побрзо откачи ги вакцините. Синко подоцна ја прими последнава ревакцина (наместо на 8 месеци или кога треба, после година прими) и не можеше да стои од што го болеа нозете. Првите две ги прими ао задоцнување од 1 месец и се си беше во ред.
Даа сакам и рота, не примаше твоето? Иначе ако КС не е ок, колку време се чека, и дали така се испушта ротата?
Ние баш втора доза рота пропуштивме заради стомачен вирус. Имаше уште некои 10 дена рок, пиеше пробиотик и линекс и отидовме со малку подобра кс на вакцина ама не вратија баш дека беше стомачен вирус, а нели ротавирусот исто е стомачен. Нема правило за крвната слика кога ќе се поправи, си зависи до што е. Ти не мисли сега дали е во ред, сигурно е
Не мисли дека не е океј, превентивно направи си. Многу зависи кој параметар е во прашање - леукоцити, хемоглобин, теомбоцити, јас и црп проверувам, итн. Јас сакам да прима вакцина кога е целосно здрав. Рота не прими синко, а само таа е со рок. Прва доза до 12та недела, потоа не знам како одат.
Да, така и јас помислив на друго место да ја вакцинират.Ќе прашам дали може во друг град да се вакцинира бебе, зошто сме од мал град и има само еден дизпанзер за вакцинација, ако имаме право во друг град ќе ја носиме некаде во околните градови каде имат вакцини.
Можете било каде со книшка и вакцинален картон само претходно јавете се во случај да ви треба термин. Со лесно
Мене ме убива срам од ова што ќе прашам. Никој ништо не ми кажа за следни вакцини. Ја примивме ВCG на две недели. Сега која е на ред треба да ми стигне покана или матичниот ни кажува или што треба да се случува? За ротата ми кажа сестра од метаболизам од детска клиника дека мн бебиња имале проблеми. Ама немавме мн можност да зборуваме и да ја прашувам зашто бебулаки мој цркаше и она го смируваше и така останавме
Нема зошто да ти е срам и јас немав поим кои вакцини се, што, како. Следна ви е шествалентна и рота. Треба да се јавиш во диспанзерот каде што сакаш да го носиш бебето и да прашаш кога треба да однесе ама и педијатарот секако можеш да го прашаш. Обично е на 2 месеци и 1 недела. Во некои места читам покани им праќале. Ротата може да даде нус појави како јаки грчеви, пролив итн, но многу деца поминуваат лесно. Моево секако си имаше грчеви, па не забележав нешто поизразени, имаше само потечна столица и точка крв во една пелена. Прочитај на интернет за ротавирус и како го поминуваат вакцинирани и невакцинирани деца и процени си сама што е подобро.
Благодарам Значи имаме време беба е 1месец+1недела. Јас сум за да се вакцинира оној антиваксерски свет ми е ризичен, зборам за мене ниту осудивам ниту сугерирам секој си знае што да прави
Мами, дали некои примиле бсж на 2 месеци, и какви реакции да очекувам? Не ни ја ставија на раѓање, ни рекоа после втор месец. А тоа ни ја одлага шествалентната и ротата не ја стигнуваме. Што реакции да очекуваме?
Кај нас немаше реакција никаква, ама ја прими 2 недели после раѓање. Сеа не знам дали тоа има врска кога е примена.
Нема никаква реакција, бар така нас ни рекоја, ние ја примивме пред една недела, без реакција поминавме.
Супер, фала ви. @doubleinfinity а за шествалентна примивте? Нас ни кажаа после 40 дена од примање на бсж.
А зошто ви одложиле БСЖ не разбирам? Таа на раѓање се прима, само јас кога сњ породив во Чаир немаше за бебињата се уште донесено, па ни кажаа да си закажеме за вакцина.
Заради здравствени причини, имавме инфекција на бели дробови и еден сат после рагање бевме пренесени на детска клиника, таму како терапија прими бебето ковалентна плазма, после плазмата 3 месеци не смее да се прими ниедна вакцина...затоа почнавме со вакцини на скоро 4 месеци... примивме БСЖ па хепатит и следно шестовалентна...всушност заради се нема да се водиме по традиционалниот распоред за примање заради ситуацијата