Е не е толку страшно како што опиша, освен во каката инаку го нема вирусот и не може како да се пренесе. Ние кога ја примивме првата доза мене ми кажаа кога е какан да го соблекувам со ракавици и така и правев цела недела, после за втората доза кога прашав ми рекоа доволно е рацете да ги миеш после менување пелена и готово, еве и сега примивме трета доза исто така го пресоблекувам.
@Tacka36 , @Mila_Skopje, @Snowflake97 ви благодарам ми олесна малку. Се надевам нема да се направи поголем проблем. Инаку за допир со столицата мислев кога бришам со влажно крпче па ќе го превиткам ќе избришам пак сигурно некако доаѓа во допир со раката. Но планирам да користам ракавици. Некогаш има поексплозивна столица па и му протеква. За коритото исто ми е кога пак водата во туш кабината ќе ја истурам Поголемото синче цело време е околу бебето па и во капењето се плетка Знам дека предлабоко размислувам и во ситници навлегувам, посилно е од мене
Ne se sekiraj,nemoze od vodata da se prenese vo tus kabinata,i na alistata odma ke gi zatrlas nema da ima problem ne se sekiraj ne e do tolku strasno,eve sme nie veke 3 dena nisto ne ni se sluci,si kaka si ja brisam so vlazni,odma mijam race vitkam vo kesa i frlam,alistencata odma gi zatrluvam ako se napraveni,koritoto go isturam vo kada i nema nisto zarazno od vodata
Први вакцини примени, леле што плачење удривме.Никогаш до сега не ми плачела вака. Ауу а уште колку боцки не чекаат.
Кога се примаат ? Ние за 4 дена сме два месеци, педијатар ми рече за одприлика две три недели да ја вакцинираме
Утре правиме 11 недели. Ние имавме продолжена жолтица и ме советуваа маалку покасно да ги примиме. Инаку мислам од 2 месец најрано, и 12 недела најдоцна треба да се примат. За да не се пропушти првата доза рота. Вака знам јас.
Што примавте? И тие што се примаат на болница или рота и шестовалентна? Ние на три и пол месеци почнавме и со тие што се примаат при раѓање, со БСЖ лесно поминавме, ама на Хепатит се отепа од плачење...следно ни е шестовалентната, мислам и таа е во нога па очекувам вриштење и тогаш
Рота и шестовалентната ја примивме. Едната со пиење а едната во нога. Моја цуца уште на таа со пиење почна да плаче и си продолжи поштено со таа со боцкање. Ама вакво плачење никогаш до сега не сум слушнала од неа. Секако очекував плачки ама не ги замислував вакви.
Здраво на сите. Бебуш вчера ја прими правата вакцина за дифтерија, педијатар ми рече дека кога примаат вакцина одма качуваат висока температура, но моево бебче од вчера навака 37.6-38 сабајлево ставив едно чепче иако ми рекоа само во случај да дигне од 39 нагоре. Бидејќи ми е прво бебе и немам искуство со вакцини би ми било мило ако споделите со мене некое искуство плус.
Чепче на таа температура не . Над 38.5 па дури и тек случајно 39 ако дојде ставај. Над 38.5 се почнува со сирупче . Не се секирај , немора да значи дека по дифолт одма мора да каче и твоето. Ќе го следиш првите 3 дена , облози и лепенка доволно е до 38°. А петовалентна кога ви закажуваат , гледам сите Рота и Шестовалентна , моето и петовалентна прими , се у пакет Добро минаме без реакции среќа , сега има втора доза рота за брзо . И за рота бев потресена ама после олабавив , раце миење , ракавици кога беше обилно и тоа е . Така лесно не се префаќа , не се секирајте.
Знам ама БСЖ беше поткожна и многу лесно поминавме, само 10-тина секунди плачеше, ама на Хепатитот се откорна од плачење
Кога се појавува белегот од БСЖ? Не боцнаа вчера, и додека ја боцкаа се виде поткожно течноста, ама сега како да нема ништо... се мислам да не е неуспешна па пак да треба да ја боцкам... мислење?
Ке се појавува па ке се лупи па како да ке гнои па ке го снема...ке проверат после неколку месеци си знаат. И јас само го мислев
А мора да ги помине овие фази? Или после ова после последната доза? Кај нас ништо немаше, буквално како гребнато, другиот ден го снема...Дали тоа значи дека не е успешна? Прва вакцина ни беше, малото многу мрдаше и можеби неубаво го боцнаа
Не ставај чепче на толку ниска, јас сируп давав на 38.7 и тогаш на 35 со нешто му се симнувала не па на пониска температура. Не е кај сите дечиња исто ние се плашиме ама со причина докторите велат да се дава над 38.5 сируп или чепче.
Јас после сите три примени по една недела прочитав овде за тоа со каката... Значи освен стандард миењето раце после пресоблекување ништо друго не направив... Па ниту јас ниту сопругот ниту баба и ниту пак золва ми со децата се заразиле , бидејќи после втората бевме кај нив ,она ме носеше на вакцина ,па мм ме зема од таму. Има три деца на сите возрасти од кои најмалото е годинка и пол. Па ништо, не си прави стресови за џабе ,вакцинирај си го бебето и со лесно