Примало некое бебе сега брзо, прва вакцина шестовалентна? Зошто ми кажаа во диспанзерот во Ѓорче, дека немале во моментов, чекале пратка демек, ако знае некоја да каже дали е точна информацијата. @CareTee кај примавте вие, и дали прими и рота малото?
Не супер е бебе, фала богу немаше ништо, освен вриштењето таму. Во кола одма си заспа уморна од плачење.
Да, можеш и Ефералган да земеш сируп или чепчиња. Кај нас за висока температура најефикасен се покажа блокмакс поготово чепчињата.
Здраво бебчево мое за една недела ке прави 2месеци сакам да прашам овие вакцини што треба да ги прима каде треба да ја однесам и се закажува ли
Малку каснам со одговорот.Кај мене големата прими рота пред скоро 5год , сега малата една доза.Докторот рече по менење на пелена со како убаво миење на раци, два три дена.Толку.Ние со мм не сме фатиле од нив.Така да не се плаши не е страшна,а е добра за мали деца. Да се ставаат и подобри се оти не може да го плукне.Во Де има чепчиња до 6кг и чепчиња над 6кг.Во мк не знам.
Се ставаат ако на пример повраќа бебето и ќе го исплука сирупот. Ефералган се дозираат мислам 15мг/кг, ако е бебето до 6кг земи си од 80мг, ако е повеќе од 150мг. Ова ти зборам ако е висока температурата или ако повраќа. Инаку, сируп исто е ок. Најпаметно ти е да имаш еден неотворен сируп во фрижидер за не дај боже.
зависи од адресата на живеење, прашај си ја матичната каде треба да одите за вакцини. не се закажува иначе, се чека на ред.
За сите што треба да ја примаат рота вакцината, не е задолжителна доколку не сте запознаени. Ние на 31.05 треба да ја примаме втората доза, ама нема да ја прими зошто имавме од првата реакција 2 недели пролив и повраќање. Го прашав педијатарот рече не е задолжителна, сега и од вакцини ми го потврдија истото.
Браво за јунакот @thelittle17 , камо мојава да се смее после вакцина. За втора доза рота кога ви рекоа, нас за месец дена отприлика,
Супер поминавме, и до сега е супер, фала богу! А многу се плашев, се надевам и останатите неколку дена ќе е добар. За 24 јули имаме и боцка, и 2 доза рота. Вие како сте, како поминавте до сега?
Нема реакција кај нас за сега, супер е бебуш. Не се плаши ќе бидете добри. Се надевам барем дел од вакцините вака да ги поминеме. Стварно многу стресно ова вакцинирањево.
Ќути, јас само го допирам дали е топол. Туку, до кога би покажало реакции од вакцина, мислам колку е максималниот број на денови, дали знае некој?
Ако е ставена некоја од повеќе-валентните следи 3 дена за тт. Од рота обично не качуваат тт, се пази на каката 10 дена.