Знам за каката, добра му е за сега, нема тт втор ден фала богу, само е поспан и кенкав, се надевам вака ќе поминеме.
Ние денес бевме на вакцина, прими во двете ноџиња, 4 месеци е. Ротата не ја примаше поради реакција на пролив и повраќање од првата доза. Сеа ќе ја следам да не ми качи температура само. Инаку многу умна беше, си играше со меченце додека ја боцкаа, воопшто не заплака, дури им се смееше на докторките .
Фала ти, исто и кај вас да мине со лесно . Вакцина беше петовалентна - Де Те Пер, Х и Б, и Полио. Ревакцина на 18 месеци за оваа мислам дека е.
Втората доза пнеумокок е втора доза шестовалентната е втора доза , трета доза пнеумокок е ревакцина трета доза шестовалентна е трета доза па има ревакцина на година ипол некаде и на 14 г. Ротата се во дози три дози нема ревакцина
Моево а прими минатиот месец петовалентна , заедно со шестовалентна , гратис и рота Среќа лесно минаме без реакции , освен малце омалаксан првите неколку саати . Е ама од петовалентната квалитетно врисна при боцкање Утре ќе видиме што не чека , да не ќе има и нешто боцки , освен рота , и крвна слика , мерење се у пакет ќе има знам нешто како систематски
Мајки јас утре треба да го носам синчето на вакцина во 8 и 30, нема да имаме време да правиме пред тоа крвна слика, дали е ок да направиме денес? Како правите вие? Со првото сум правела секогаш истиот ден но не бев вака ограничена со време, сега сме закажани точно во 8 и 30, нема да стигниме.
Majki maloto mi e 2 medeci, slednata nedela treba da prima vakcini...Kolku vakcini prima, na koj nacin se davaat, kako gi podnesoa vasite malecki da znam sto da ocekuvam?
Уште малку 7 ќе прави, а ја нема примено сеуште ревакцината од ммр, со оглед на тоа што од секоја вакцина имаше реакција. Има некоја реакција оваа, да знам да се спремам психички?
добро, како успевате да дадете сируп? прво ми го исповрати цел последен подој (никогаш до сега не повратила толку обилно), а едвај успеав да ѝ истурам едно минијатурно голткиче во устето. потоа, остатокот од количината во дозерот ја ставив во шприц и пола од даденото го исплука. ефералган давав иначе, го пробав и е преодвратен (преблаг). дали е до сирупот, односно дали имате препорака за друг сируп или чепче во газ е поедноставна варијанта? загрижена сум ради исповратеното, да не ми дехидрира. сега си цица повторно пред спиење, вака на допир ок ми изгледа темп
Го легнувам во раце, едната рака под мене, главата му ја стискам и со ногата му го држам телото. Му ставам голтка по голтка со шприц и не го исправам додека не голтне. Е сега твојата исповратила, така да следно качување е подобро чепче. Колку е голема и колку температура има? За да не дехидрира давај електролити, исто на сила ако треба мада вкусни се, веројатно без проблем ќе ги пие.
јас првично дадов лежечки, а потоа во полуседечка позиција, како лулка за доење само малку подисправена. ја чекам да се доцица па ќе мерам повторно. прееска качи 38.8, 4ипол месеци е и прими две боцки денес, петовалентна и втора доза стрептокока. во однос на мојата грижа за дехидрирање, еве матичната ми пиша да не се секирам штом цица, ама ќе се опремам со електролити за друг пат.