На 11ти примивме ММР и вакцина против Варичела. Еве веќе трети ден нема никакви симптоми, температурата ја мерев, мах. 37.4 и беше. А толку се плашев од оваа вакцина. Последниот пат на 5 месеци кога прими вакцина качи темп. до 40. Поминал ли некој друг без симптоми после ММР?
таа најчесто јавува реакции 7 - 11 ден. Ама немора да значи дека секое дете ќе има , може и нормал да мините.
Мајки ние пошо покасно почнуваме со вакцини, да прашам за рота. Колку што знам до 12 недела се прима 1ва доза и ако не се прими до тогаш, неможе воопшто да се вакцинира за рота. Ама па гледам во картончето ми пишале датум за примање прва доза а бебе 8 месеци ќе е тогаш. Да не е некоја грешка нивна или може да се почне и покасно со оваа вакцина?
Грешка е сигурно…и ние ја промашивме, со вакцини почнавме на три и пол месеци и ми рекоа рота ја пропуштивте, нема да ја примите
Нас ни ја ставија на 3ипол месеци. Почнавме на 3ипол месеци дека ги испофаќа корона дома сите, кога отидовме ни ставија и рота. Требаше да ставаме вакцини на 26.03, а ставивме на 05.05.
Има ли некој што кога примило трета доза рота станало многу кенкаво? Трети ден помина, уште е многу кенкав. Не сака во раце, не сака да игра, да шета, ништо не сака, освен да кенка
Да да, 15та недела беше беба. Докторката ми рече дека најкасно до 16та недела се ставало прва доза па сме биле таман на време. Фала богу поминавме и прва и втора доза супер. Не ме ни чуди да е и до 12та дека кај нас во мк се е помешано, не знам што да кажам…
И нас ни рекоа до 12та недела прва доза и тогаш и ја прими. Втората доза не ја прими зошто беше поминат терминот, не фати корона,па додека заздравиме, помина рокот
Не знам. И јас истото се прашувам. Но можеби покасно ќе се јави реакција. Кај педијатарот ми кажаа дека до две недели после вакцинација може да се јави реакција (покачена температура, исфрлување по телото..) но и дека може и воопшто да не покаже реакција.
Не знам дали некоја од вас е од Кавадарци, ама др.Мими Каровска дава прва доза Рота вакцина и по поминати 12 недели и не знам што да кажам. Среќа немаше некоја реакција…
Sledna nedela pocinjame so vakcini...peto ili kolku i da bese valentna i rota za bebe 2 meseci....da ocekuvam reakcii nesto? Za rota znam kakata moze da e razlicna
Ние од ротата имавме грчеви и од сите вакцини до сега температура до 38.5 првиот ден. Се исчувуваат до 3 дена и во тој период се плачливи.