Па да, да не биде паника ахах. Со ракавици менувам пелени, пушта раце плус да се фаќа, па да се спасам од спектакл при бањање
De beee ne e tolku strasno....ni rakavici koristev ni nisto. Ako ne ti kaka bebe vo kada obicno banjaj si go. Jas imas alkohol vo prskalka do presoblekuvalnata i stom smenam pelena se prskav zaso koa sum sama moze nema da bide bebe raspolozeno samo da lezi dur izmijam race. Nisto ne ni bese ni na mene ni na maz
Мајки искуство за реакција од мрп? @KuklickaSk вие имате ставено,како помина? Го боцнавме вчера, на моменти заборавам дека е боцнат,(па не го ни проверувам за тт) зошто рекоа дава реакција од 6ти до 10 ти ден(осип или температура)
Немаше никаква реакција. Исто и уште двајца негови другари генерација немаа ништо реакција. Не се секирај.
Мајки што да очекувам од вакцината за пневмокок? Треба да ја ставиме во понеделник. Докторката од диспанзерот ми рече нема потреба од крвна слика претходно…
Ротата на 2.5 месеци се прима нели? Ако се паѓа во недела по календар, кога да го носам бебето на вакцина, петок или понеделник? Прочитав дека грчеви стварала… моево и такс се грчи… што друго да се спремам?
Здраво моево бебе за 3 дена прави 3 месеци до сега има примено една вакцина за вторава сеуште не ја прима бидејќи имаше намалено железо.. сега ни кажаа уште 2 недели да пие сируп за железо па тогаш вакцина и дека било таман тогаш да се прими. Меѓутоа јас читам на нет дека се прима на 2 месеци 2 рата вакцина нз за што е не се еазбирам.. па вака што чекаме да не е проблем? Докторката вика не било
@starfish @marija99992 Повелете за рота вакцина од кога до кога се прима. Стар може, а и не мора да има грчеви, индивидуално е. Внимавај на каката 10 дена, често миење на раце. Марија ќе чекаш за 2 доза рота. Може мислела докторката за друга вакцина, но и за таа јас би чекала разлика од 2 месеци.
Не сум напишала убаво бидејќи не се разбирам бебето рота нема примено ни прва доза поради слабо железо. И докторката вика да чекаме уште 2 недели не било страшно и затоа се засекирав :/ а она сега 3 месеци
Тоа е друго. Во некои диспанзери ја даваат и покасно. Супер чим сакаат и после 12-та недела да и ја дадат. Средете железо и носете ја.
Денес примивме втора доза рота и петовалентна… темп 37,6 си држи веќе саат време, изгледа ќе качува, колку дена обично трае темп?
Ќерка ми прими пред една недела прва доза пневмокок и трета рота,од рота претходно немаше реакции ни од шествалентна,од пневмокок многу плачеше на боцкање, што претходно не се случило од другите вакцини,а и таа сестрата ми кажа дека најмногу болела.Вечерта немаше ништо,само рано утредента ми беше топла до кај 37,5 само качи тт и така цел ден беше кенкава, радразнета. Реакции може да има до три дена или од рота викат до една недела,може и само денес да има три,може и два три дена.37,6 не е страшно ,само расоблечи ја,туширај и ако цица на града повеќе.Со лесно
Мајки сега подетално читам низ темава. За бебуш има термин за вакцинирање на 07.09.Најверојатно шестовалентна, па сега читам и Рота. Ќе биде 2 месеци и 4 дена. Се внимава на каката ? Колку е заразно после примана вакцина? Имам поголемо синче кое што е родено 2016 и тогаш ја немаше ротата...Како да го заштитам него ? На што се внимава ? Дали 3 вакцини се примаат во еден ден ? Какви реакции можат да дадат? Одсекогаш се плашев од реакции на вакцини со големото завршивме сега пак почнуваме...Дали има изменето нешто во календарот или само ротата е додадена?
Моето го измачија грчевите али кога ја примаше ротата беше смирен како бубалче и немаше некоја промена во каката нај нормално си беше се. Шестовалентна и рота се прима некои и превенар ставаат али тоа зависи од диспанзерот, ние цело време по 2 ги примавме.Каката е заразна само ќе внимаваш првата недела одма после менување пелена миј раце и толку, синчето може да ти се зарази само ако се шлапне во каката и изеде иначе нема потреба од грижа. Зависи од имуниот систем на бебето ако е доста цврст нема ни да качи температура, само знаеш дека ќе биде омалаксано и повеќе ќе спие. Пола саат пред вакцина не давај храна за да не ја поврати ротата бидејќи се пие. Мислам дека на се ти одговорив