Ти благодарам многу а менувањето пелена стандардно со влажни да бришам газето или треба одмивање посебно ?
Јас бришев со влажни бидејќи имавме тесно купатило па не беше изводливо никако . Али ако сакаш можеш и да го измиеш.
После колку време од боцнато се јавува реакција температура, омалаксаност и сл ? Денес и 3та доза рота прими ама после пола саат поврати Џабе примена или не ? За второ дете здравје само овие вакцини може да ме предомислат
Дали ги носите на вакцини бебињата сега периодов поради жешково? Треба да примиме вакцина неделава а јас немам памет дали да ја носам или не. Се изначитав за жешко и вакцинирање и сега….
Здраво, некој ако има електронска верзија на календар за вакцини да прикачи. Ние денеска бевме, прими петтовалента, рота не му ставија дека е 13та недела, 2 ден... Некој да сподели исто искуство? Ми рекоа да го пазам од стомачни вируси...
Во Јане ми рекоа почеток на септември да идам да видам дали има. Не знам дали улога во тајмингов игра превенарот што и го ставија пред 10 дена..
И мене така ми рекоа пред 2 недели. Не е поврзано со превенар, секако ако имаше шестовалентна ќе ја ставеа заедно.
Здраво, дали на некоја од вас кога била за рота и 6то валентна прв пат, бидејки нема 6то на бебето му ставиле 5то валентна? И каде се вакцинираат бебињата од Чаир? На битпазар или?
Ми спомна и мене матичната наместо 6то валентна да му стават 5то валентна ако ја имаат на залиха. Колку што знам на битпазар се вакцинираат од Чаир бидејќи поликлиниката спаѓа под Чаир.
А некоја мајка дали има ислуство што бебето и примило само рота, дали имало некаква реакција? Температура, малаксаност, грчеви?
Zdravo majki da ve prasam dali gi vakcinirate vasite malecki so vakcinata mrp nie treba da ja primime ama neznam mi e strav od toa sto go procitav oti malata sea pocna da lazi i da probuva da stanuva za odenje
Ние ја примивме, а реакција после три дена имавме. Само првиот ден спиеше скоро цел ден, а после третиот се појавија грчеви. И претходно дававме сирупче, ама приметив дека се малце поизразени, во сон цивкаше.