Во Битола има донесено шествалентна вакцина од вчера. @Bulibu Веројатно во сите градови. @KittyCat:) не чепкај мама, нормално е.
Мајки која вакцина е ваа и до која возраст треба да се прими? Последна ја примивме МРП на годинка и ни рекоа следната на 18 месеци треба, ама бидејќи немаа вакцини дури денес ни стигна картонче. Иначе сме 20 месеци.
Ние вчера ја примивме вчера им стигнала уствари стигнала во сите градови мојава па и ми качи температура 39
После 11 сати од кога ја прими ми крена денес подобра е пак качи до кај 38,4 и дадов сирупче и по пеленка си седи па симна до кај 37 па еве сега пред малце пак качи 37,9 и така ја следа цело време иначе она вака весела си е си игра си пее си гуга се превртува така да не се секирам многу за температурата
Мене пред малку ја мерам 37.4,мн паничам од тт не знам зашто. И мојава е весела, се смее, се изместува, гугаме. Блокмакс имам за не дај боже, ќе ја следам. Не е претерано топла, онака млака.
Тие што имавте со мрп температура, имаа ли малите реакција од другите вакцини? Утре здравје ако е ок кс ќе ја прими конечно, а на работа сум следна недела, страв ми е да не крене температура, до сега немал реакција од ниту една вакцина..
Малиот од сите вакцини беше супер, само ставав ациди борици на местото не крена тт. А од мрп негде 8, 9 ден крена 38.7 ја спушти со блокмакс, чорапи со оцет ставав. Следниот ден снамали, наредниот веќе и немаше.
До сега немал некоја изразена реакција од претходните вакцини. Мрп дава реакција од 6ти до 10 ден. Качи тт на 8ми ден до 39.5,траеше 48 часа. И малку му беа отечени лимфните јазли на вратчето позади. Ми рекоа дека може да појави и осип.
Петовалентната Поголемата ќерка ја прими 3 месеци пред 3 години да направи. По правило е на 18м, но и да закасниш не е страшно.
Мајки, јас сум збунка со вакциниве. На 2м ги примивме превенар и рота. Сега на 3м кои вакцини се, и дали имавте некоја реакција?