И мене ми рече таа што ја вакцинираше дека превенар многу ги боли ама моето не покажа така, закенка исто како за 5то и 6то валентна. Ја кренав, ја гушнав малку, додека да излеземе од просторијата таа веќе беше смирена...
Додека беше мало моево не плачеше од ништо. Денес за крвна слика вриштеше, ама за вакцината аууу ја дигна амбулантата у воздух. Од диши диши натака тоа беше врескање, бегање, опирање.. Мрп примена, се надевам на Нереакција
M-M-RvaxPro на лепенчето со рокот пишува во книшка. Да се едитувам, тоа значело ммр, ништо околу фирмава. Мислам дека на тоа ѓубрето што го ѕирнав нешто како полски пишуваше, ама не прашав
Аууу донеле нови. Ќе ме поштедат од пат до Солун. Во кој диспанзер ако сакаш да ми кажеш? Можеш и лп доколку не сакаш тука.
Превенар и пнеумокока е едно исто? Ние до сега се со ред ги тераме вакцините и освен во моментот плачки други реакции сме немале за среќа. Уште два пати имаме боцкање и рота и се што е за до 6 месеци ќе имаме примено, после малку да здивнеме. И мене многу ѓи е стресно кога ќе дојде ред за вакцинирање….
Ако е превенар- пневмокок ние сега скоро ја примавме и кога ја боцнаа престана одма да плаче. Претходно плачеше на прегледите се утепа од вриштење, додека да ја боцнат престана само што ја кренав. Малку кенкаше после дома како да ја боли на моменти ама во главно беше весела си играше се смееше. Немаше никаква реакција.
Макји да не знае некој дали може вакцина да се прима 2-3 дена порано од тоа што го пишува? Имаме вакцина на 12ти, прва доза шестовалентна ама нема да бидеме тука, ќе треба дури на 22 да ја прими. Што мислите подобро порано ако дозволуваат, или покасно? И ако не ја прими на датум може ли кога било да се отиде после без закажување?
Прво јави се дали воопшто ја имаат, со месеци во цела МК ја нема и тогаш прашај…и да има сега рачунај на 22ри може да ја нема
Јован денес само рота прими. Така одлучи докторката. По 1 месец рота, хекса и превенар. Ми олесна, искрена да бидам.
Оваа превенар од кога е воведена? За син ми пред 5 год мислам ја немаше или грешка сум? Само 6 валентната беше, немаше ни рота. Рота не планирам да прими, а превенар дали е задолжителна?
Гледам се спомнуваат превенар, па да го споделам моето искуство. И воедно еден апел, кој сака нека послуша, кој не-не. Немојте да дозволувате на ист ден да ги боцкаат превенар + друга вакцина. На матичната на синко коса и се крена кога и кажав дека сме примиле шествалентна и превенар ист ден. Голем поборник е да не се трауматизираат децата на овој начин. Дотогаш немавме реакции од вакцини, но од оваа комбинација... Не можев 4 дена да си го смирам детето. Многу беше вознемирен и плачлив, прв пат со температура. Матичнава дури ми рече дека добро било што биле САМО 4 дена, други деца завршувале во Козле со пневмонија реакции од комбинации превенар и повеќевалентни вакцини. Не е работата само да се ослободите од вакцинирање неколку месеци. А за жал во диспанзериве ги форсираат колку да си завршат работа 2 во 1. Премногу вакцини за еден ден се, превенар сама по себе е тешка. Да не зборувам дека дотогаш дете ќе се смиреше за миг откако ќе го боцнеа, но тој ден ми се чини ја крена поликлиниката во воздух.
Има шема. Зависи и до диспанзер. Ако се прима од 6 недели до 6 месеци, ќе прими 4 дози. Ако започне со примање од 7-11 месеци се 3 дози. 12-23 месеци се 2 дози. Околу или на 2год. возраст само 1 доза. Ако грешам, некој нека исправи.