Знам, така ги ставаат. Но, замолете да дојдете друг ден за другата. Греотка се, две боцкања, во едно па во друго бутче. Премале синко мој. Ко демек ај да се реши побрзо работава, ама срцево ми препукна гледајќи го како липа.
@MissBreezy таква е препораката, да се даваат заедно прва доза хекса, превенар и рота. Не е до диспанзерите, до насоките на министерството за здравство е. До докторите во диспанзерите е да направат проценка на бебето дали може да ги дадат сите заедно или да ги делат. Немој да ме сфатиш погрешно, не сакам да се контрам, чисто кажувам мислење. Голем број и од матичните препорачуваат ммр да не се дава дури не прооди и прозбори детето, ама правилникот вика на 1 година, дури може да се даде и порано по индикација (како кога беше епидемијата). И во матичните/клиничките педијатри има антиваксери. На блиска моја, матичната и даваше потврда за одложување на вакцина (до суд беше стасана), бидејќи детето имало настинка и пиело ацц. Превенарот може било кога да почне да се дава. Колку порано се почне, толку повеќе дози се. Ама ако се почне покасно, на сметка на тоа што се намалуваат дозите, се зголемува јачината, односно буст дози се дава.
@IRBBB Разбирам која е твојата гледна точка, но доколку постои можност (а постои) да се одвојат, тогаш зошто би го трауматизирала? Прашуваат пред боцкање дали одобруваш, така барем знам, сами да утврдуваат-не утврдуваат. Антиваксер матичнава не е колку што знам, но и кога би била, јас одлучувам која вакцина кога ќе ја ставам (ако може да се одложи) и мене лично не може да ми наметне некој мислење. Не попусто сподели со нас дека имало тешки реакции од превенар сама по себе, па сметам дека може да се избегне, тоа е се. А шествалентна, превенар и рота на ист ден не сакам ниту да замислам. Ама секој со сопствениот избор. Пак ќе кажам, само споделив искуство, секако кој како сака ќе си прави, не наметнувам ништо.
Само дискутираме, реков и погоре не се контрам. Син ми нема примено превенар, немам други деца, немам искуство со ниедна вакцина. Јас вчера го носев (јас од пред време истрауматизирана) за да прими рота, хекса и превенар. Докторката го прегледа и ми рече дека смета оти треба да прими само рота. Искрено, не ме праша за одобрение, ни усно, ни писмено. А знам дека не е задолжителна ротата.
Дали од последна доза некој имал реакција од шестовалентна? Ја примивме завчера ама местото му отече и му е црвено, тврдо и топло. Му ставив првиот ден антипиреа лепенки ама некако како да се зголеми црвенилото, да напоменам дека нема ни температура ни ништо ни на вакцината не ни заплака како на плажа да сум го однела
Моево дете превенар секогаш сама ја примаше. Рота и уште една боцка само, никогаш не добил 2. Значи не прават во сите диспанзери така, мислам дека докторот одлучува..
За тоа тврдото ми рекоа мене дека требало да се масира нежно. Е сега дали е стварно така нека кажат поискусните
@LucyLu @Brpbrp да, треба да се масира нежно. Од петовалентна кај моето така се направи. @MissBreezy истиот совет го имаме добиено и ние. Моето е 8м., да ја прими шестовалентната, па ќе почнеме со превенар. Може да пишеш во кој диспанзер одиш. Ако не сакаш тука лп. Го носиме ние во Јане и на секој преглед се објаснувам околу ова.
Јас го носев во букурешт сега ради ситуацијава во Ѓорче и секогаш сме примале по две на почеток рота со шестовалентна па рота со петовалентна итн никогаш три наеднаш и за мене е трауматизирање тоа. Али секој диспанзер различно одредува. Среќа сега се погоди да нема шестовалентна па има доста размак од една до друга. За МРП најрано може да се прими на 1 година така ми кажаа од диспанзер порано не смеело. Не ја разбирам логиката за зборењето и МРП вакцината. Вакцинирајте ги зошто ако не дај боже фати пак епидемија фатално се завршува од нив. Аутизам не може да предизвика вакцината зошто инаку сите би биле со аутизам(ова е мое мислење).
Ставив ама му го залепив со фластер ми го одлепи после му ја врзав со завој го тргнал и него, а да му го држам не седи во раце сака да трча лепенките ми беа единствена шанса ама нигде ги нема по атекиве.
Ќе помине, не мора ништо да правиш. Мислам дека не го ни боли. Џабе и лепенки. Инаку при ставање вакцина даваат едни завојчиња како подвезица растегливи се. Јас си ги зачував за да му ја држи лепенката, можеш да побараш наредно вакцинирање, би требало да имаат.
Мислам дека е претерано овоа дека деца стигале до болница , па и овде да се искажува , ќе се крева фама како за ммр што беше. Колку само дечиња примале па минале без никакви реакции. Секое дете си е различно , кај вас ете така се погодило плачливо и реакција да има , синко и уште 2 бебенца примаа иста ден рота и боцки во двете бутки па минаа лесно освен две бебчиња беа со благо покачена темп до 38 една ден . Синко заплачи само на аплицирањето на лекот , тој боле да и е јак при вбрзгување реагираат. Штом го дигнав се смири. Си беше малце кенкав кратко време и тоа е се. Може да се поделат доколку сакаш да , ама ако е во добра состојба детето не гледам причина одложување , да развие нешто потешко мора да има некое жариште , а кога ги носиме на вакцини , ги носиме здрави и прегледани , по потреба и крвна слика. Пневмонија од вакцина само не се развива.
на ќерка ми два пати по две боцки ѝ ставија, шестовалентна и превенар на 3м, петтовалентна и втора доза превенар на скоро 5м, не ми побараа никакво одобрение. едноставно докторката што ја прегледуваше рече дека време ѝ е и за превенар. појма си немав дека може две боцки одеднаш да прими, баш се изненадив, малце на небрано ме фати. среќа релативно ок помина, првиот пат качи тт до 38.1, не дадов лек; вториот пат до 38.8, дадов. и толку. наредните денови ко нова беше, само антипиреа продолжив да лепам до третиот ден.
@MissBreezy Правевте крвна слика пред вакцините? Со лесно нека е, ретко се случува ама ете вие сте ја имале таа несреќа кај вас да се случи. Мислам скроз убаво и фер од твоја страна што сподели ама навистина е реткост кај здраво бебе да има некаква реакција. И да има, мислам дека е од самата вакцина, а не од комбинацијата. Немаш гаранција дека немало да качи температура ако сте ја примиле само превенар.
Ова беше пред неколку месеци, но да, крвна слика направена и зелено светло за вакцина дадено. И не реков дека комбинацијата е причинителот. Реков дека се премногу вакцини за еден ден. Според мене. Но, за среќа повторно поминавме полесно, да речам. @Poppins Те молам немој да правиш како да пропагирам нешто овде. Тоа ми беше кажано од доктор, не го измислив јас. И не било само едно дете, биле мнозина деца со такви реакции. Апсолутно не мора да ме цитирате сега сите како вашите деца немале реакции и не сметате дека треба да ги двоите. Тоа е одлично и навивам сите да поминат лесно за било која вакцина. Последен пат пишувам, само споделив мислење и искуство. Како сметате-така правете.