Треба да го носам мали на ревакцина. Картончето ми е тука, ама книшката не можам да ја најдам никаде. Дали некој носел без книшка и дали ви правеле проблем. Таман дочекав да го однесам, сега оваа беља со книшкава
Обично не ми ја бараат книшката, бидејќи ја носав, внесуваат преглед во неа. За вакцинирање најбитно ти е картончето, мислам дека нема да ти направат проблем
Јас секако ќе купам утре нова и ќе ја однесам на работа да ја заверат. Ме фати паника дека на пријателка минатата недела тука во ск на еден пункт и правеа проблем. Демек како без книшка, од кај да знаат дека не примило детето на друг пункт демек буадала е она два пати иста вакцина да става на дете. Ништо ургентно ќе средам за нова и ќе одам така. И онака планирав вторник или среда да го носам. Во картонче секако се упишани сите вакцини.
Стигна ред за МРП. Дали ако побарам да прими само Превенар (прва доза), ќе ја одложат МРП, или ќе ги стават двете одеднаш? Има ли некое дете што ги примило двете во исто време?
Зависи кај се вакцинирате, ние во Јане Сандански, си гледаат на вакцинален картон и по календар која е следна вакцина ја даваат. Мислам дека прво беше превенарот, па после мрп, не верувам двете одеднаш.
Мајки, можам ли да вакцинирам дете во друг град место каде што одиме? Го носам во јане вакцините во книшка ни ги внесуваат не ми дале картон
Имате картон сигурно, не може само во книшка. Картонот останува во поликлиниката каде е вакцинирано детето
Го вакцинирав малово со шестовалентната и досега никогаш не кревал тем. никакви идникации. Е сега овие 2 дена после вакцинава раздраснат е само кенка, нема баш апетит како што имаше и не спие ич навечер напросто ме побудале
Можно ли е дури денес реакција од примена шестовалентна и рота во понеделникот? Крева температура па не знам дали е од тоа
Mislam.ne...mada mojata osven omalaksanost i pospanost na denot na vakcina drugo nemase...doduse sledniot den i malce grcevi od rotata ama pa i 2.5mes bese taka da moze i da si bide od hrana nesto
За охрид може. Ќе ти дадат картонче кај што ќе запишат со што ве вакцинирале. Како пролазни се рачунаат. За друг град не знам...ама би требало да е исто.
Мајки тие што сте прележале ковид, после колку време од оздравување ве советуваа за вакцини на вашите малечки? Моето треба да прими следната недела ама моментално сме позитивни, нем ашанси да прими тогаш. Какви се вашите искуства?
Ако не е рота вакцина што треба да се прими до 2 месеци, другите може и покасно да се примат нема никаков проблем, моево бебе има 6+++ требаше да прими шестовалентна пред 31.07. но уште го немам однесено, еден период ја немаше а сега чекам малце да се растерети гужва во Јане, пред некој ден бев беше хаос.
Mmr i pneumokok revakcina знам дека може покасно ама колку треба да се чека по прележсн ковид ме интересира
Додека чекав во редица во Ремедика ја слушнав докторката дека и рече на една мајка минимум 1 месец од оздравување со проверена крвна слика.