Утре сакам да одам прв пат на вакцина во Ѓорче, бебе е 2+++. Некоја што била скоро да ми каже во колку саат најдобро е да одам, што да носам со себе и од аптека што да земам? Матичниов телефонски вика не мора кс да правам, не знам што ќе ме советувате вие?
Не сум од Ск, но земи си сируп далерон/парацетамол било кој, антипиреа лепенки ако најдеш, а за крвна слика јас носам на секоја вакцина, ако има нешто преку крв ќе се види.
Јас имав земено ефаралган сируп за температура, ама се дава само доколку качи 38.5, а за кс правам обавезно пред секое вакцинирање така знаат дали треба или не да прими, а и во Јане Сандански амбулантата задолжително е...
Мајки, овој петок ќеркичката треба да прими прва вакцина, 2++ е. Пред 3 дена јас примив прва доза Фајзер. Дали е ок она да си ја прима регуларно, или треба да се чека некој период поради тоа што јас се вакцинирав? Во четврток сме на крвна слика, секако ќе го прашам за мислење и педијатарот. Чисто ме интересира дали некој веќе поминал низ истата ситуација и што ви кажал вас педијатарот.
А зошто да чекаш , она едно прима ти друго Јас во иста ден се вакцинирав со син ми , тој шестовалентна јас фајзер јас покенкава од него бев Си го доев одма , си функционираме се најнормално. Сега пак имаме за брзо јас втора доза тој за недела дена од мене друга вакцина има.
Барајте да ви издаде доктор потврда за да не примате веќе вакцина и приложувајте ја во градинка и понатака во школо. При алергиска реакција не се примаат вакцини.
да да тоа само имунолог го издава. Еве еден дел од испитувањата направивме уште кај невролог треба па да се вратиме кај имунологот што не прегледуваше
@Poppins @DELFINA81 Фала за одговорот. Чисто ми беше во мисла поради тоа што сме на ексклузивно доење, да не треба да се внимава со вакцините. Супер штом се си е во ред.
Девојки за ммр што советувате ? Ја запишав малата во градинка уште немам одговор ама мм слушнал дека мора да е примена вакцината и ме мрдна да ја ставиме па да ја ставиме... Годинка и 12 дена е малава... Од кај вакцините ми рекоа текот на септември.
I jas istovo mislev da prasam dali moze porano da se stavi radi gradinkata. Ne mi se pusta nevakcinirana
Дали е нормално после шестовалентната вакцина да има освен температура еве и 4 столици досега од кои две се како со слуз? Дадов пробиотик, што да правам? 5++ е бебето
Не знам ,не сум паметна ,пола мајки ја одложуваат ,други ја брзаат. Поим немам. А и од градинката немам сигурен одговор.
@Осе Мојот денеска ја прими на една недела пред 16месеци. Немав потреба да ја брзам, па си реков ќе почекам да прооди и да прозбори (ако се рачунаат тие неколку зборчиња и слушање наредби). Стварно човек не е паметен ама доколку оди во градинка со многу деца може најпаметно е да ја прими. Инаку, првпат од вакцина има реакција. Веќе два саати качува до 38.5 и симнува сам до 37.7. Поспан е многу, веќе втора дремка тера ама вака активен си е. Течности не сака ама бар јадеше овошје. Јас дремам со топломерот и чекам момент да дадам сируп
Синко 2 г и 1 м уште нема примено мрп. Пресудно е тоа што не оди во градинка и не се меша со деца. Тие што се меша исто не одат.