Без упат, обична диференцијана кс е 200ден. Сме чекале обично 10-15мин за резултати. Ова неколкупати во Авицена Аеродром сме оделе, нема гужва дека работат само приватно, одма се завршува раб. П.С. ЦРПто е 300ден, ама за него се чека плус некој саат, ако планирате и тоа да правите за пред вакцина.
Ајде со лесно. Кај нас ја ставивте? Чудно, волку рано реакција. Викаат од Мрп после недела реакција има. Како и да е, брзо да помине
Да, фала за информацијата супер беа вработените И мене сестрата ме спреми за покасна реакција ама ете после 3 саати од вакцината качи и сега имаше течна столица. Ќе помине.
Mислам дека за таа вакцина треба да е цело јајце воведено, ако сте го вовеле пред година може тогаш да ја прими. Знам дека за некоја вакцина беше јајцето да е воведено, мислам дека за ммр беше тоа.
Јанче ако гледам така она сега почна да оди ,има недела и нешто како е пуштена. И збори ,чао -мафта ,пушта полубац ,тато ,мама,нан нан ,кога и се јаде вика ам,игра на музики ,знае телефонот дека бил ало ... Пример кај книгите знае не смее да чепка стои ги гледа и вика не ње не... Кога ја соблекувам преку глава сама се соблекува... И сл. сега ако чекаме реченици да сврзува ќе треба на 4 год. да ја ставаме што се вика... Белка јаде од кај 10 месеци негде. Наредби кога како ,зависи дали и одговара нештото. Пример ако знае дека ќе и го земам нештото засекогаш не ми дава мене. На татко и дава сѐ. Кога тој пример спие ,прашај кај е тато - нан нан ќе каже. Или бил надвор ,покажува со прст. Како сте вие ?
Само што завршивме со вакцина во Ѓорче. Мој совет ако одите, одете од 8:30-10h тој период. Дека и пауза имаат и многу гужва се ствара после 10. За жива глупост се изначекавме со 3 месечно бебе
Качуваше до 38.5 и не му дадов сируп до сабајлево, му дадов Блокмакс и симна одма. Носето му тече од сабајле. Матичната вика не било ова од вакцината туку закачил нешто во меѓувреме. Чекав, чекав и го погодив моментот
@Jana06 од ,со помин ај. Изгледа ќе ја ставиме до петок ,чим може да има покасна реакција барем додека сум на одмор да е.
Нема правила. На другарка малиот не оди ни во градинка ни нигде во двор игра и вирус фатил носот чешма и кашлал и малце температура имал.
Па исто, уште не е тргнат во градинка, шетавме ама само со блиски, којзнае што фатил и од каде. Му раснат заби и рацете цело време во уста му се.
Здраво, треба да примиме прва доза од рота вакцината, па ме интересира како поминавте, каква реакција да очекувам? Бебе се уште има гасови, грчеви немаме.
Ех нема од каде. Кивнало или кашлало некое дете он кај што фаќал и ете. Па и ние возрасните колку пати сме преносители само на вируси и бактерии, а на нас ништо не ни е никакви симптоми. Страв ме фаќа сега зимава што ќе биде ако пројдеме без мрсули супер ќе биде
Ние денес примивме, ни рекоа да очекувам поспаност, температура и грчеви. Кога ја пресоблекуваш, да внимаваш на каката, да не дојде до допир па да се заразиш. Ќе ти објаснат таму убаво, мада ние мајките повеќе се стресираме мислам.
Ај да ве прашам тука поискусните мајки. Језда ептен рано ми е ама сепак. Лепотицава моја најверојатно на 9 месеци ќе треба да ја пуштам во градинка пошо ќе нема кој да ја чува. Дали и за 9 месечно бебе е задолжително да ја има оваа МРП? Колку што знам таа покасно се прима нели?
Не смее да ја прими пред 12 месеци. И прво воведи белка па ставај МРП чисто да видиш дали ќе ти појави алергија, ако и појави нема да и ја ставиш воопшто