И јас истиот го имам на Microlife. Ако мрда, не е страшно јас мерам лево десно прво над слепочници, па на чело
Чуден ми е на "Tommee tippee" и не мери брзо исто треба да помине време ко на живин да мерам дур свирне .Вакви имате или треба друг да се набави ?
Микролајф дигитален јас имам и воопшто не сум задоволна ако зборуваме за истиот. Со него ми покажа 36.7, а живин 37.5 Досега кога и да имало покачена температура кај моите, тој секогаш помалку ми кажува од живиниот. Со првото дете го имав на chicco и многу позадoволна сум од него.
Провери во еурофарм. Јас од Елена фарм го зедов или пиши им на фб може ќе сакат да ти го достават. MT800 е мојот имам погоре слика поставено, ама кога го зедовме баш направив споредба со живин и исто ми покажа.
И ние ја закаснивме првата вакцина, само 6валентната во јане ни ја ставија и истиот ден качи 38 дадов покасно далерон и веќе не крена беше и малку поспан дента
Ваков е мојот, 2.800 од еурофарм го зедов, ама се си мислам плус ми покажува. Земи од тој 520 што пишаа погоре, да не се трошиш, истата функција е
Можно е од рота вакцината да има покасно реакција? Во петокот прими 3та доза рота, синоќа во 22:30 се разбуди (што никогаш не се случило) и плачеше до 1ч, три пати се искака во тие два ипол часа, и сабајлево пак. Можно е да е од ротата? Да и дадам ли нешто превентивно за дијареа, пробиотик?
Нас ни рекоа 7-10 дена да очекуваме реакција, така да може да е од ротата. Јас давам биогаја пробиотик
Здраво мајки Дали некоја била на вакцина претходна недела или денес во јане сандански? Има ли гужва? Утре треба да одиме со бебо па да знам кое време најдобро би било да појдеме
Јас го носев пред недела и пол. Отидовме после пауза и се изначекавме 2 часа. Имаше некои што чекаат и пред пауза. Гужвата се расчисти нешто пред 13 часот, пред крај на работно време.
Денес бевме на вакцина, примивме рота 3та доза и 6товалентна. Бебе сега за сега ми е ок, по боди ми седи облечена, страв ми е да не настине сма тоа е. Минатиот пат од 5товалнетната ми изгоре од темп, на три саати ми креваше, ќе видиме сега како ќе е. Инаку многу плачевме, и на крвна слика, и на преглед и на рота и на боцката, се изнаплакавме! Душичка моја, срце ме болеше.. го пратив муж по сируп парацетамол и се враќа со сируп парацетамол со вкус на јагода и малина!!!!!! Аман бе викам, детето ти нема пробано ни јахода ни малина, со кој памет го купи овој а ќерка ти има 5месеци… Спушти глава и отиде си го смени. Тоа сакав само да си олеснам, да си раскажам