Мајки бебе се утепа од плачење, дома од кога дојдовме од вакцина.По една во ногичка, и плус ротата.Нормално ли е толку да плаче, незнам до когаа ке му трае, ставам ладни облози со ациди борици, сега заспа кутрото несакаше ни да цица едвај малку цицна за да заспие.Кога престануваат болките во нозичките да знам да си очекувам. 2 месеци е, на 3,5 му закажаа пак, пак ли ке го боцкат двапати, во двете нозички ?
Daleron kolku smee da se dava na upatstvoto pisuva 1,7ml za deca po 3meseci Jas dadov 1,5ml cicase malku se smiri i od 16h spie uste...kolku im trae ovaa bolka vaka.
Поспано ќе е, му се познава боцката? Што толку да го боли кутрото, да не го нема убо боцнато таа таму па да го боли. Моево па ич не заплака, не ни знам кај го боцнаа не се познава. И утре ставај облоги искапи го, нека се наспие убаво и ќе помине
Сим ми денес прими 3 вакцини, 6 месеци е..Рота, пнеумокок и шествалентната. Цел ден е вознемирен, плаче, крева температура до 37.5. Му ставив чепче во 20 часот, еве сабајлево во 4 пак крена 37.5. Досега не ми се случило да имаат децава реакција од вакцина и малку сум исплашена. Ве молам тие што ги имате веќе примено пишете како сте поминале.
Мајка бе таа и не е температура за чепче да ставаш. Чепче над 39 ако качи, 37.5 не е тт. Ние на 2ра доза рота, 2 доза превенар и шестовалента качивме до 38.2 само еднаш ја истуширав и толку, после цела вечер и варираше тт од 37.7 до 37.5, ни сируп ни ништо не и дадов. Нека се бори организмот сам со таа тт. Туширај го бебо, расоблечи го и не се плаши, ние само таа ден качивме тт утредента ништо немавме.
Да ве прашам, вакцината што е за 6 месеци шестовалентната, може да се прими после навршени 7 месеци? 7+ сме уште не сме ја примиле..
Исто и јас на таа температура оставам сам да се избори, го расоблекувам само.Тоа не е тт, често следење и мерење да не се качува повеќе.
Ние следна вакцина имаме на 3.5 месеци.Која е таа? Колку се прима пак ли во двете нозички по една ? И плус ротата?
Ние на 3.5м примивме 2 доза рота, 2 доза превенар и шестовалентна. Сега во понеделник сме пак на 4.5м и сум збунка освен петовалентна незнам што друго не следува
Оооф пак плачки ке има.Моето дома после 2 часа од вакцината се утепа од плачење на секое мрдање со нозичките плачеше многу жалноо...Значи пак исто не чека во двете нозички по една вакцина и плус рота.
4.5м денес примивме рота 3та доза и петовалентна, плачки малку имаше за разлика од претходните вакцини. Заспа сега бебушка, само се молам да не крене тт вие како поминавте со петовалентната вакцина? Инаку за еден месец има на килажа ставено само 500гр.(на доење сме само) др рече супер е а мене некако малку ми се виде
Дали некој бил деновиве на вакцина во железничар или ѓорче, како сте задоволни и дали има гужва? До сега одевме во Букурешт, сега треба да одиме во друг диспанзер.