Нус појави од рота најчесто се повраќање, дијареа, гасови, грчеви во мешето. Ние со рота примивме и шестовалентна и крена првиот ден тт 38.2 и со едно туширање спадна и не качи повторно. Тт мислам од 6 то валентната дека беше. За тт ако качи над 38.5 давам ефералган и ако цица почесто на града. Чепче не сум користела никогаш.
Ќе сакаат пак 3 да ви стават, не се согласувај многу е жално.Јас секогаш барам само 2-рота + уште некоја. Е сега повеќе пати ќе одиме на вакцина, ама поарно така.
@brm_brm и мојот прими сега рота и плус уште 2 боцкања. Ми кажаа таму дека од рота не крева тт,може грчеви,пролив….И кога ќе го пресоблекуваш ке внимаваш на каката,да ме дојде во контакт со тебе.Ќе ти објаснат таму што како.Иначе немавме никакви реакции само што беше кенкав дента.
На колку месеци се прима трета доза рота и прва стрептокока? Малава е 5 месеци и кога ќе има неполни 6 ми закажаа рота трета доза, стрептокока и петовалентна.
И бебче така прими, само на него му беше втора доза стрептокока и прва доза шестовалентна...со неполно 6 месеци
Дали некоја од вас има искуство со задоцнета реакција од рота? Се да ок и после да речеме месец дена да се појави честа течна столица?
Да, истото се случи кај нас ама не можам да тврдам дека е од ротата дека поминаа околу 2 недели. Се среди кога почна со цврста храна, а пред да почнам да воведувам вкусови му давав оризова вода некои 2-3 недели.
Не зборам од ракав, педијатар кажа така, затоа прашувам искуства Вирусот е жив и можел да си опстои и подолго време кај некои дечиња. Како ја приготвуваше оризовата вода?
Зовриваш вода (стави така повеќе зашто оризот многу прима) и додај ориз претходно измиен (јас ставав една чаша од 100мл не полна). Нека се свари оризот, ќе видиш кога ќе стане водата бела и процеди ја. Му давав со лажиче или шприц 50мл од сабајле и 50мл навечер. Првиот пат може нема да има доволно вода ама веќе вториот пат ќе ги знаеш мерките колку вода, колку ориз.
Да си прими и втора доза рота без проблем, нормално било таква реакција. За некое време и така ќе почне со дохрана, па ќе се нормализирала столицата. Плус 2 пробиотика.
Мајки, дали да очекувам тт после примена вакцина стрептокок? Вака ми е добар, ама знам нели навечер напаѓа тт. Искуства ваши?
Здраво мајки, пред една недела прима синчето мрп вакцина, скроз здраво беше кога го однесав, пред 3 дена му се затна носето и има многу секрет, грло и гради чисти(вчера го прегледаа), апетит скроз намален само млеко пие и со сила 2-3 залчиња лепче. Температура уште нема. Дали е ова можна реакција од вакцина? Како поминавте вие? 1г4м е. Поздрав
Температура до 38.5 од седми до десетти ден, малаксан, поспан. Ми рекоа тогаш дека температура и осип се нормални, а за растечено носе, кашлица и друго да се посети лекар за секој случај. Да не фатил некое вирусче зашто и мојот првиот ден одма качи температура што траеше 3 дена и ми рекоа не е од вакцината туку вирус.
Вчера ја прими втора доза од шестовалентната. Вчера беше плачлив, а денес од сабајле е со температура 37.4. До кога обично трае температурата зошто другото дете не ми кренало?