Не знам точно ама ефтини се. Јас зимав лепенкиве, алкохол пола литро и чепчиња, нешо под 300 денари платив за се.
Лепенките ми се полесни ставам и на 5-6 часа ја менувам. Супер се покажаа досега. А ациди борици земав за секој случај ако ми крене висока тт да и ставам по телото облоги.
Завчера синко прими стрептокок, сега топол, не ми дозволи тт да му измерам. А вчера го приметив се раскива и носето му течеше. Дали е од вакцина или настинка, според вас?
Според мене можно е да е настинка, од овие вакцини тт ако крене ќе крене истата ден, барем кај нас така е ама слушни и други искуства.
Вака, моето бебе прими 3 вакцини на 2 месеци и ни останаа уште 2 што беа за таа возраст, но докторката рече да ги одложиме заради тоа што немаше доволно килажа да не биле сите одеднаш. Другите ќе ги прими сега на 3 месеци и недела дена. Е сега не ми е јасно дали сите понатаму што се на 4, 6 месеци и тн дали и тие ќе мора да ги одложуваме?
Јас кој паничар сум тоа е чудо. Малава завчера прими 5валентната, сабајлево тт37. 5, па сеа37. Освен ладни облоги што да дадам друго? Парацетамол?
Читам и паничам сега. На 2 месеци не ја прими Рота, на денот кога е закажана ќе биде 14 недели и 6 дена а после 15 недели не се препорачува првата доза. Што да правам, да ја прескокнам скроз?
И мојата не ја прими, отидов на 13 недели и 2 дена, не ја примивме, ни една доза од рота туку останатите што следуваат. Таа се примала до 12 недела.
Мајка уживај, немаш причина да паничиш. Нормална температура кај бебе. Ако е топло соблечи ја малку да се разлади,не давај ништо освен повеќе течности.
Колку што знам по мојата кога и удиравме, за првите јас сама си ги одложив за месец време, после сите наредни значи беа покасно, од вакцина до наредна ревакцина треба да има 4 недели простор.
Дали некоја мајка има искуство после прележан ковид колку време да помине за вакцина. Мене ми кажуваат различно некои викаат еден месец некои три месеци ( доктори од вакц. Пунктови штип и скопје) помина еден месец откако лежевме во болница ама не знам што е паметно колку да се чека
Фала ти а исто и за Рота? Еве денес пак не ја прими а од утре е 15 недели, и читам после тоа да не се става прва доза. Не ми е јасно за неа значи ако не ставила една после треба само една доза да прими? И кога
Нас и педијатарот и Скопје на детска клиника и во пункт ни рекоа еден месец после завршување на изолацијата
Таа нема д ја примаме, штом нема прва доза од рота, нема ни другите дози да ги прими само регуларните.