1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Имаме 3 месеци и две недели, значи три ипол месеци утре. Ни рекоа да одиме пак за вакцинација за 40 дена. Одете во амбуланта и ќе видам таму во картонот што има примено и што не и ќе ви кажат кога да одите за вакцинација. Ако си од Скопје, ние одиме во Млин Балкан, поликлиника Идадија, докторката и сестрите се супер, што се за вакцини. Сестрите и ни запишуваат позади на киншката кога да дојдеме на следна вакцина и кога ќе помине вакцината само го шкртнуваат тој датум и го пишуваат следниот.
     
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    мамички ние утре сме на прва вакцина, т,е на еден месец. која е таа вакцина и што да очекуваме?? :?:
     
  3. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    па ние ја примивме бсг пошто у болница ја немаше а и плус со папачето имаше гранилом па и го гореа па чекавме незнам да не треба ди-те-пер незнам нака каже некој
     
  4. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Треба да ја примите Хепатит Б втора доза. Ништо страшно, само облоги ќе му ставаш цел ден со памукче и Бор алкохол и толку.
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Нас не ни рекоа да ставаме облоги, се става вакцината напред во бут, рекоа дека само во моментот додека се става пече, а потоа нема никаква реакција.
    Можни реакции се очекуваат од овие што се ставаат на 3 месеци, Сањичка што ги примале.
     
  6. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Облоги мислам се ставаат само ако има реакција на местото ние немавме ништо такво да се пофалиме со ди теперот немавме ни температура супер поминавме малку бевме кенкави и завивавме 2 дена по ред ама ок сме и мерев на 15 мин мислам температура од страв дека плачеше многу ама немаше одлично си поминавме сирупчето ни остана неотворено :D и облоги не и ставав она недаваше ни да ја легнам во тие денови ми преседе на раце ама кога спиеше ги фаќав местата каде што ја боцнаа немаше ништо и ништо не ставив а имав и борова вода и алкохол
     
  7. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Значи мамички распоредот на вакцини е овој:

    Возраст на детето: 24 часа по раѓање
    Вакцина: Хепатит Б
    Доза: прва доза

    Возраст на детето: пред излегување од породилиште
    Вакцина: Туберколоза (БеСеЖе)
    Доза: вакцина

    Возраст на детето: 1 месец
    Вакцина: Хепатит Б
    Доза: втора доза

    Возраст на детето: 2 месеци
    Вакцина: Дифтерија, тетанус, голема кашлица (ДиТеПер); Детска парализа (Полио); Хемофилус инфлуенза (Hib)
    Доза: прва доза

    Возраст на детето: 3 1/2 месеци
    Вакцина: Дифтерија, тетанус, голема кашлица (ДиТеПер); Детска парализа (Полио); Хемофилус инфлуенза (Hib)
    Доза: втора доза

    Возраст на детето: 6 месеци
    Вакцина: Дифтерија, тетанус, голема кашлица (ДиТеПер); Детска парализа (Полио); Хемофилус инфлуенза (Hib); Хепатит Б
    Доза: трета доза

    Возраст на детето: 13 месец
    Вакцина: Мали сипаници, рубеола, заушки (МРП)
    Доза: прва доза

    Возраст на детето: 18 месец
    Вакцина: Дифтерија, тетанус, голема кашлица (ДиТеПер); Детска парализа (Полио); Хемофилус инфлуенза (Hib);
    Доза: ревакцинација I, само за Хемофилус инфлуенза (Hib) е ревакцинација

    Возраст на детето: 3,5 години
    Вакцина: Дифтерија, тетанус, голема кашлица (ДиТеПер)
    Доза: ревакцинација II

    Понатамошна вакцинација се врши во училиште од 6 годишна возраст. Возраста на детето може да биде варијабилна.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    аха фала многу, за ова баш е добро да си знаеме... значи ние утре ја примаме втората доза за хепатит б
    а другите две да гледам во картонот од болница сме ги примиле во болница. а дали ке има некоја реакција ке видиме
     
  9. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Јас да ви кажам многу добро поминавме со вакцините, три одеднаш и немаше некоја реакција, јас се плашев заради ДиТеПерот, ама качи најмногу температура до 37,3 и тоа само првиот ден, другите си беше супер. Ставав облоги ладни на чело, почесто миење со топличка вода, почесто мерење на температура и често доење. И немаше потреба од сирупот кој го купивме превентивно. На маж ми во аптеката му рекле превентивно едно лажиче Парацетамол, но според мене и докторката најдобро е организмот сам да се избори со вирусот, без додатни лекарства. А во амбуланта кога бевме ми кажаа бидејќи прима три вакцини одеднаш ќе има подобар имунитет, па ќе видиме :)
    Љубичица вие како поминавте?
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и ние поминавме мн добро, немавме никаква реакција, ама и јас одма штом ни ја ставија вакцината, си купивме сируп ефералган ( така ме советуваше една докторка, тој бил добар сируп ) и му дадов да се напие, меревме постепено температура ама беше во нормала, и на ноџето нема ништо само црвена точка :)
    е сега здравје боже ке одиме наредно за еден месец
     
  11. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    од првите 3 вакцини немаше реакција но од вторите 3 дена имавме температура му мерев во газето ми дадоа далерон сирупче,но кога качи 39,2 ми дадоа капсули ја сронив капсулата се одмузев и му ја дадов и за 15 мин син ми немаше температура утредента имаше 37.8 и му дадов далерон и начисто ја намали сеа сме во март пак на вакцина се надевам дека ке поминеме добро,инаку после вториве вакцини мн го болеше рачето едвај го мрдаше,а и да се надополнамм го масиравме со алкохол 70% кој бесе растворен во вода само нз како беше колку алкохол колку вода ама знам дека вода беше повеке.
     
    На UMUT и Nedzhla им се допаѓа ова.
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    да ве прашам нешто, што може да се слуќи ако се закасни повеке од 3 недели 2рата вакцина за хепатит б, кај нас во болница еве 3 недели ја нема неможат да му ја стават и почнав да се загрижувам ке дојдат на ред другите вакцини па сите наеднаш не ми изгледа убаво :?:
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050

    Nisto, jas namerno ja kasnev, duri na 2meseca ja primi
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    http://www.diagnosia.com/en/drug/infanr ... tis-b-rdna
    Јас сериозно размислувам за петовалентнава вакцина од Грција само имам прашање до мајките со искуство?
    Син ми прими прва и втора доза за хептатит Б, а петовалентнава вакцинава ја содржи и таа, дали смеам да дуплирам, што ви рекоа педијатрите, дали ќе претставува проблем што сме примиле 2 поединечни дози за хепатит б??
    Јас ќе разговарам и со педијатар, ама ме интересира вашето искуство во пракса?
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Не, шестовалентната ја содржи. Ние примивме втора доза Хепатит Б, а петтовалентна ставивме потоа.
     
  16. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    http://www.diagnosia.com/en/drug/infanr ... tis-b-rdna
    http://www.ema.europa.eu/ema/index.jsp? ... 058001d124
    МеУ сигурна си?Имаш дома упатство да провериме, бидејќи јас на сите интернет сајтови ја најдов петовалентната дека содржи доза за хепатит, а нема хемофилус инфлуенца.
    Еве отвори ги горните сајтови ќе видиш што пишува, не верувам дека е грешка??
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Сигурна сум, на кутивчето не го пишува хепатитБ, а за упатството мислам дека е исто и во четиривалентната и пет и шест. Во него пишува само како и каде се аплицира, производство, контраиндикации...
    http://www.reglek.com.mk/dokumenti/upatstva/2826_2.pdf еве упатство и на македонски.
    Јас се консултирав со четворица педијатри од кои тројца веќе ја користат вакцината, советот беше оваа да се земе, зошто претходно ставивме хепатитБ.
     
  18. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    колку кошта петовалентната вкцина во Грција ?
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    30-35евра, еднадоза, а потребни се три
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    ние утре сме на вакцина се надевам дека ке поминиме лесно. вие мамички како си поминавте со вакцините на 2 месеци?? и ако ми крени температура што да правам :?: мора да се спремам, зш ке сум сама цел ден, а во последно време само паники ме факаат за се :(