Здраво, Детето го вакцинирам во друг град - така ми беше згодно до сега, но утре треба да прими вакцина и сакам да го носам во Скопје, што треба да направам? Дали треба најава? Го имам вакциналниот картон со мене - во книшка никогаш не му ги запишуваа вакцините. Поздрав
Не се најавуваш, само одиш и ќе им кажеш дека првпат доаѓаш таму и ќе им го дадеш картонот. Во Јане Сандански треба и крвна слика најдоцна од претходниот ден.
Сакам да прашам малиот до пред некој ден му течеше носето, но поминавме само со солен раствор и пумпица, (не кашлаше ниту имаше температура) знам дека стално ми напоменуваат вработените од вакцини дека минимум треба да поминат две недели, но бидејќи не примаше антибиотик прашањето ми е дали да чекам две недели или сепак да го однесам?
Bebeto ima 2+++ deneska primi rota i petovalentna vakcina cel den e pospana 2 pati bese budna ama nabkratko pa malce sum zagrizena dali e red tolku da spie?
Како оди со вакциниве.. 2++ е малиот, денес направивме крвна слика и докторот ми рече утре да го носам на вакцина. Ми рече во која сакам амбуланта. Е сеа можам само така да отидам и да кажам дека е за вакцина? Ми спомнаа дека во амбулантиве имало одредени денови кога вакцинирале
На некои пунктови даваат рота најкасно до 12та, на некои до 16та недела. Син ми со 13 полни прими прва доза.
Во јане кога бевме сестрата ми рече најдоцна со полни 12 недели. Ротата во недели ја рачунаат. Сепак ќе ти кажат таму
Со картончето од болница и книшка се оди на вакцинален пункт каде што живеете и ви закажуваат. А зошто сте правеле крвна слика?
Педијатар ви кажал ова? Ќерка ми прими пред една недела, ни правевме крвна слика, ни ни побара некој, ниту пак ни кажа да направиме
Не ја прими ротата, што е тука е. Шестовалетната ја прими и следна за едеј месец. Голема пофалба и препорака за докторката од Јане Сандански.