Пред втора доза рота малиот имаше стомачен вирус, среќа што направив кс и ја одложивме. Воопшто не е малтретирање, со тој печатот што викате ништо не осеќаат, малиот само еднаш ми плачел со игла кога го боцнаа. Без крвна слика ми е како вакцинирање на слепо, нек буде шта буде.
Stomacen neli ide so proliv povrakanje nesto? Ke ste go videle valjda sekako i bez ks....ne ni znam kade na ks se gleda toa
Почна со потечни столици и баш тогаш ја правевме крвната слика. Се покажа вирус и докторката рече да почекаме барем една недела и да го вакцинираме. Направив пак крвна слика и отидовме во диспанзер зашто се смири мешето ама докторката не врати со таква крвна слика. На следно идење ја пропуштивме рота и прими само петтвалентна и стрептокока.
Секако секој си знае најдобро за своето дете. Јас не сакам да го изложувам детето на испитувања кои не се неопходни. Во Ѓорче не ни бараат крвна слика. Според мене е непотребно крвна слика, ем поради боцкање, ем поради носење по лаборатории во сред пандемија. Мало бебе ако е нешто болно одма се приметува, не треба некои испитувања. На крај краева, во последниве години почнаа паники околу вакцините. Ние коа бевме деца коа ќе не поредеа во школо, нит крвни слики ни барал некој, нит се прашувал некој дали треба или не треба да се вакцинира.
Да не ви враќам на сите поединечно, ние што ги носиме на вакцина во Јане Сандански, немаме избор дали да правиме крвна слика, задолжително е и нема да ти го вакцинираат детето ако немаш. Никој од нас не сака на секое да си го малтретира детето.
Да да тоа сфативме дека е задолжително во Јане. Искрено, мене не ми е јасно како може на едно место да е задолжително, на едно не. Македонско здравство
И јас да се надоврзам за кс. Без крвна слика и јас не ја носам на вакцина, не дајбоже да има некое жариште веднаш ќе покаже кс. Што ќе плачам јас ќе заплачи она 3мин и готово е се(додуша и не плачи кога и зимат крв се смее таму на сестрите). А и некако помирна сум после кс кога има.
Ова е од календарчето во Јане Сандански, педијатарот најверојатно ќе ви каже кога ќе дојде време. А можете и да си прашате на следна контрола.
Мене ми рекоа дека порано праќале покани, а сега сестрата на вакцинација или ми ѕвони или кога одиме на вакцина ми закажува за следна.
Dobro vecher majki ❤️ Nie deneska primivme revakcina dve vo noga i edna lazhichka. Sega za Sega nema temperatura vesel si e. Ubava vecher