Може има мајки од Гевгелија да ми кажат дали ако по пропуштена вакцина (во нашиот случај втора доза шестовалентна) дали пуштаат повторно покана или треба да се јавам? Мислев дека сме на 13ти на вакцина, а ние на 8ми сме биле
Ќерка ми требаше да прима шестовалентна прва доза на 2 месеци ама и ја одложија за на 4 месеци, зашто немаше килажа. А ротата е врзана со точни недели, ако знае некој како беа нека пише, да не те излажам јас, ама мислам втора доза ни рекоа од 16та недела.
Супер. Мене ме интересираше. Дека нас ни закажаа втора доза на 18 недели ама некако гласот и е фатен па ќе ја пропуштиме изгледа. Ќе се јавам во пункт да прашам. А требаше и прва доза шестов. ама ќе ја одложиме и таа. Првиот пат на 12 недели кога бевме за ротата немаше килажа, сега пак грлцето изгледа е.
Ние за волкот, волкот на врата нова покана ми стаса денес дури се изненадив за 2 дена испуштен термин ми пратија нова дата а не се јавив
Mamicki nie Denes primivme petovalentna I pneumokoka. 4+++ sme rota ne mozese da primi vtora doza bidejki prethodno mi bese odlozena deka bese nastinata.E sega ne se razbiram mnogu od vakcinite a bebuska placese pa ne mozev ubo da gi razberam za reakcii od pneumokokata.Sto da ocekuvam ako moze da mi kazete
Ние ги поминавме без реакција, но може да ти крене тт ако е над 38.5 дај сирупче ако е пониска туширај, расоблечи го бебе и тоа. Со лесно мајка
Девојки малиот мој има примено 4 дена после раѓање вакцина Хепатит Б, и дента кога не испуштаа БСЖ. Кажете ми, педијатарката рече на 2ипол месеци треба ревакцина веројатно на Хепатит Б. Не знам како одат вакцините која кога се прима. Ако може некој да ми објасни,или ако постои некој распоред на вакцини постирајте. Фала ви
Облоги со борова киселина на кои делови од телото се ставаат поради температура? Водата да е ладна или собна температура?
Денес бевме на вакцина ние, јас ставам на местата кај што е боцната, односно на двете ножиња на газа натопувам и ги потфаќам со памперсот, иначе на собна темп ми стои.
И ние денес бевме за првата. Спомна докторката таму да ставам б.к. ама не спомна каде, мислев да не се става на челце. Прееска и' измерив 37.4, па се мислам дали има нешто да се направи да не се зголеми. Сега ќе ја бањам и ќе ја успивам, ама ми е страв како ќе биде во текот на вечерва. Ни препорачаа таму Ефергалан чепчиња во случај ако крене над 38.
На местото подобро ставај кога менуваш памперс, а за лепенки кој како и тука читам, јас ставив превентивно, 3 вакцини ставивме денес.. вечерва ќе си подежураш од време на време проверувај на челото за темп, порасоблечи го бебето од обично додека седите и нека не е мн топло во просторијата до 24°. Нас ни препорачаа сирупче парацетамол во случај на темп над 38, се што е под да се тушира.