Се толерира. И кај мојот се 72. Ми објасни докторката од вакциналниот пункт дека кај бебиња може да оди погоре дека незнам таму до колку посто го водат како нормално.
Гелните лепенки за ладење што се дали може да се сечат пошто реално многу е голема...геллт да не истекува случајно? И веднаш после боцкање мкже да и залепам и на колку време се мења?
Се севкаат, не истекува гелот. Јас на лентички ги сечам, кога ќе се вратиме од вакцина прво што правам лепам
Леле ќе отечам сега...паника ме фаќа ако дигне температура. Имам сируп еферелган. Ми рекоа ако дигне над 38.5 на 6 часа да давам. Имам живин топломер. Под мишка да мерам само доколку и е топло телото така?
На местото на боцкање залепив лепенка. Еве сега 2 часа после боцкање, гелот е розев веќе, а не плав. Тоа значи дека местото е само топло. Пошто иначе беба си е ок, не е топла.
Не паничи. Ќерка ми немаше никаква реакција после вакцина, апсолутно никаква. Ниту температура, ниту поспана, ниту кенкава. Така што можете да поминете и без реакција, не се стресувај
Какви лепенки користиш? Мојава ниту една не се обоила. Без гајле супер ќе биде. Мене пред секоја вакцина буквално ми се лоши До сега фала богу немала од ниедна реакција.
Мајки, ние доцниме мнооогу со вакцини. Вчера примивме прва доза Хекса. Докторката ме праша дали сакаме и Превенар денеска? Рековме само една овој пат... Дали пример ќе може Превенар со следната доза Хексаксим?
На местото на вакцина малку има оток. Како ставате ациди борици да стои а да не се утоп алиштенцата ?
Купи си лепенки за температура од аптека. Доста попрактично и за тебе и за бебе. Ние така пројдовме пред една недела. Со гел се и ладат, ние супер пројдовме за ден ипол немаше ништо
Јас ставав на тие што се влошките за гради и ги прицврстував со нешто. Пошто од едната страна се како пелените не пропуштаат си беше сув а имаше облога.
Ставав ноќеска. Ама сега има оток малку. Па од вакцинација ми рекоа ок е лепенка но ако има оток да ставам ациди борици.