Значи во ѓорче една млада сестра што им става вакцини - катастрофа. Многу се брза, наеднаш во лежење рота му даде да испие, се плукна. Пред пауза беше, толку се брзаше што ми идеше да и влепам една
Ние бевме минатата недела, ја имаа шестовалентната и немаше гужва. Бевме сабајле во 8 во чекална, 3 дечиња имаше пред нас, ама сепак брзо завршивме, можеби сме чекале некои 10-15 минути.
Јас утре планирам да ја носам по прв пат, сега сме 2 месеца и 6 денаа поим немам што се треба се да прими. Некој совет
Ќе ти каже докторот таму што треба да прими. Зависи што примила во болница и која килажа е. Земи си го картончето од болница. Инаку први по вакцинален календар се петовалентна и рота прва доза.
Исто и ќерка ми во средата. Втора доза пола плукната. Јас и викам полека нели гледаш, плука, она ми вика е ако де предвидено е тоа со количината, затоа се три дози. Таа старата сестра беше кај кај подобра.
Ние ни пето ни шестовалентна примивме, затоа сум ги смешала. Само рота и хепатит. Тек сега на 4 месеци прими петовалентна.
Ние денес втора доза рота + двете боцки, не знам кои беа. Сега за сега нема температура, само си потплачнува по малку и тоа ее. Ме изненади, кога го боцкаа не плачеше многу. Умен дечко на мама.
Оваа вакцина што е со наполнети 2месеца одма кога ке наполни треба или може и со 2несеца и 3недели на пример. И дали ви стасува покана нешто или сами си ги носите кога сакате?
Ние исто ги примивме, ама еве со тт е. Од првата немаше реакција, овој пат да, тт, плус кенкавост и раздразливост и цело време во раце и на цице.
Дента беше супер, ама затоа ноќта едвај психички издржав. Качи температура, нон стоп се будеше, квичкаше, и само бараше да цица.
Значи исто.. Те разбирам потполно, еве денес добра е нема тт, ама пак цела нок беше на цице, се надевам готово помина реакцијата.
Првите две вакцини ни беа во болница во друг град за тоа не знаев. Дека оваа ке ни биде прва во нашиот град се јавив прашав рекоа ке ни стаса покана на домашна адреса
Јас првиот пат се јавив ми закажаа преку телефон, па наредно ми даваа ливче со термин. За Битола ова. Можи кај вас поинаку е.