Јас сум од Велес,породена Скопје. Ја прашав патронажната ми рече пријавена си кај нас од болницата за тоа идам и јас и дека ке ми стасало на домашна адреса. Баш да видам
Вчера првпат на два ипол месеци примивме три вакцини.До сега сме добри,тт нема но постојано спие.Дали е во ред и колку време се чека реакција од вакцините?
Нормално е. За температура моето имаше 2дена и толку. Можи така ќе помини твоето, без температура. Со лесно.
Да не јаде веднаш пред и веднаш после вакцината, за да не ја поврати ротата (таа се пие, другите се боцкаат во ноџе). Купи си парацетомол и лепенки за температура. Лепенките одма ќе ги ставиш и ќе ги менуваш на неколку саати, а сирупот ако има потреба.
Девојки, малото ми е 11 недели, малку е настината, кива, окцето и солзи и има мрсулчиња па нема да ја носам на вакцина. Јас секако сакам да ја прескокнам рота вакцината, прашањето ми е дали и друга вакцина е врзана со 12та недела? Не би сакала друга вакцина да пропушти
Фала ти на одговорот. Инаку немам антиваксерски пристап. Во консултација со неколку блиски специјализанти педијатри што се во тек со развојот на првото дете ми рекоа дека подобро е да ја прескокнам (неповрзано со аутизам, да се разбереме). Инаку се по пс си терам
Мајки денес ги примивме вакцините рота и таа другата што се прима до 12та недела, бебка плачеше малку еве ја заспа, може ли да ми посочите на што да обрнљм внимание и ацидиборицо не сватив дали треба ако и отече местото или превентовно да и ставам 3-4 пати во денот 1 недела? Фала Ви
Синчево летото фати многу лош стомачен вирус, па не пратија да провериме дали е рота. За среќа не беше, тој е и вакциниран. Друг доктор ми кажа не е рота, рота вирусот е многу полош. Не можам да замислам вирус полош од тој. Сепак ти си знаеш најдобро.
Мери температура редовно и на местото на боцнатото залепи лепенка или облоги ставај. Јас ставам лепенки 2 дена по вакцината, една недела е многу.
Мајки, ние завчера примивме вакцини бебето е два месеца и фала Богу немавме ниаккви нус појави, но денес нешто многу ми е поспана стана кај 10 ипол до 11 ипол отспа па од 13 ипол еве ја уште спие со тоа што ова и е второ будење за цицање и си презаспива. Дали е нормално или што се случува не знам волку никогаш не спиела. Фала
Мајки моето бебе во недела прави 2месеца и ни стаса покана одма во понеделник на вакцина значи точно на 2месеца. Малце се плашам од реакции искрено па што да земам дома од прва помош за секој случај да имам нешто за температура, електролити..топломер без контактен дали се добри и каков? Ништо немам и не сум давала,дај боже да не треба ама да имам
Имај си сируп парацетамол, лепенки ако најдеш или ациди борици облоги ќе редиш на боцнатото. Топломер јас имам обичен и дигитален на микролајф. Со лесно да поминете.