Normalno li e da kaka zelenko posle vakcina? Vo ponedelnikot primi, vcera i denes zeleno kakaa Isto i bledo e na lice nekako, a si bese rumenko bebe
колку време после втората доза од рота вакцина,детето крена тт? можно е тек на 4ти ден од тоа да крене тт? (37,3)
Ние сме утре прв пат на вакцина а денес правиме два месеца, сите читам покасно се вакцинирани. Читам и дека треба да има одредена килажа и дека се дава рота и шестовалентна. Рота читам може до 12недели, а шестовалентна има ли ограничување временски? Се мислам да ги одложам до пред да наполни 3месеца ми се гледа мала
Отодов јас со малата минатата недела (2 месеци + 4 дена). Педијатарот кажа, рота над 5 кг се дава. И само рота и даде. За шестовалентната ни закажа за месец и пол (преферирала покасно да се почне со вакцини мали биле), и не врати. Баш се зачудив.
Јас не знам дали може така да ја однесам кога сакам дека ни стаса покана за утре,иначе би ја однела пред да направи 3месеца за рота да може да прими. Не сум од ск, од Велес сум поима немам како функционираат
Мислам ротата се прима до 12 недела и детето треба да е здраво секако. Ние см еод Ск и мене ми рекоа ако имате покана а во случај детето е болно да не се носи.
Не знам кој педијатар ви кажал дека ротата е над 5 кила ама грешка е скрос. Шестовалентната е над 5 кила, ротата не е врзана со килажа, со возраст е. Ќерка ми со 4350 ја прими ротата, а шестовалентната ни ја одложија поради килажата. @Razvigorec си има доктори таму, ќе ти кажат дали и колку вакцини ќе прими. Вакцините почнуваат со 2 месеци, нема зошто мала да ти се гледа.
Ова по нова мода е од верувам еден вакцинален пункт дека шестовалентната е врзана со килажа, односно над 5кг. Ако нешто над 3кг е просек на новородено и се очекува на 6 месеци да дуплира тежина, колку бебиња на 2 месеци би имале над 5кг? Секако дека има исклучоци, ама тоа се предвремено родени бебиња, бебиња со ниска тежина, бебиња што не напредуваат во тежина, бебиња што се болни... Ама дека со 4800 не можи да прими, а со 5100 можи е глупост. И колку повеќе се запазува календар на имунизација, толку поголем е процентот на заштита. Се разбира таму каде што здравјето и напредокот на бебето го дозволува тоа. Некои попаметен направил распоред која вакцина кога и зошто се прима. Без лутиш, не сакам никого да навредам. Ама тука се прави паника на мајките што се од други градови, каде што после 2 месеци од примање на вакцина против хепатит Б се дава шестовалентна вакцина, без разлика дали бебето е над 5кг ако останатите работи се во ред. И многу од мајките своеволно одложуваат имунизација на бебињата од страв.
И нас не вратија ради малата килажа, 4300 било малце за шестовалентната, само рота прва доза прими. Ни закажаа втора доза рота, пето и шестовалентна наеднаш во фебруари во еден ден.
Ќерка ми исто вака, петовалентната ја прими на 4 месеци со втората доза рота, а на 2 месеци само прва доза рота со хепатит. Сега во февруари сме на трета рота и втора петовалентна.
Епа затоа и јас се изнервирав. Неколку пати инсистирав да и ја стават и шестовалентната. Ама не, докторката си преферирала покасно да ги става, малечки биле уште....
Искрено и јас истото го помислив. Ама кажи ми нема, не да ми измислуваш топла вода. Кај психички се спремав да ја боцнат, бев на контрола кај мстичен педијатар, направив к. слика, и ми вика жал ми е да ја боцкам толку мала, дојдете за еден месец.... Сега се ќе и се помести вајда...
Nie primivme se po kalendar ko sto e,pocnavme na 2.5 mes negde, nikoj ne spomna niso za kilaza. Pedijatarot od remedika mi rece nosi ja na 2.5 radi stomaceto da e posozreano za rotata. Ama pa i imase be nad 5kg mojata