Трета доза рота е до година. Таман те боцнале. А за вкусови и рота ништо не мк спомнале. Ние 3 дози примивме.
Трета доза прими тој вчера. Само наместо и трета доза шестовалентна му ставиле прва доза за стрептокока а не ми кажаа ништо дома видов во книшка.
Богами вухан се, сите групи се преполовија, една затворија во Чекорче. Убаво ти викаат, ако имаш можност остави го дома бар две недели, земи во предвид дека може и реакција од вакцината да има. Јас не памтам ваква зима со толку тешки вируси, косата ми побеле.
Се делат по општини, една мајка со бебуш со живеалиште на Водно дојде кога го носев малиов во Јане Сандански јас, и ја вратија баш со муабетот дека во Идадија мора да го носи поради општината.
Тие нешто се глупирале, буквално можеш каде сакаш да го вакцинираш, од искуство кажувам. Го вакцинирам во Железничар, мрп во Драчево, а сме во трета општина.
Петокот примивме прва дозс рота , два пати проливче имаше и грчеви , еве денес 4 ден уште е вознемирен колку дена трае реакција од вакцини?
Столицата беше 1 недела по течна други нус појави сме немале, ни температура ни грчеви ни промени во расположение освен што два дена од боцкањето кенкаше во сон.
Синко треба да стави дитепер и стрептокока, кај се боцкаа тие? Голем е , кој ќе го држи Реакција да очекувам ли? Досега само од ммр имаше…
Дитепер посебно ке ја прима? Оти нели оди комбинирано во шесто и пето валентна колку што знам јас. И двете Дитепер и стрептокока се боцкаат во ноже, ние ги примивме сега на 2.5 месеца рота, шесто валентна и стрептокока коса ми се крена. Фала богу нема реакции освен првиот ден цел ден кенкаше и ми приплачуваше
Дада комбинирана Денес ја прими во рака а превенар не сакаа да го боцнат , наводно заради реакција од температура,ни закажаа за 20 дена
Мајки кои реакции ги имаа бебки од првите вакцини поточно шестовалентната и стрептокока ,дали може и во различен ден да се стават
19 месеци, сите вакцини досега се примени на време и од никоја немала реакција. Наредна во школо на 6 год
Мами што ми е потребно за на вакцина(Идадија). Прва вакцина ни е, 2+ сме. И кажете ми тие лепенки што ги ставате, после самото боцкање уште таму или кога ќе дојдеме дома?
Дали има некој што примил 3 вакцини наеднаш, шестовалентна + петовалентна + 2ра доза рота? Ми се темни уште сеа, први вакцини ни се овие, до сеа само 1ва рота има примено.